Лудјек Кубеш

чешки архитект

Лудјек Кубеш (чешки: Luděk Kubeš; 13 ноември 1913 во Чешки Брод — 1996) — чешки архитект и урбанист, кој од 1947 година живеел и работел во Скопје. Работел на урбанистички планови на Скопје, како и на проекти за станбени блокови и објекти. Добитник е на неколку награди и признанија за придонесот во архитектурата и урбанизмот во Македонија.

Работна биографија

уреди

Дипломирал на Високата школа за архитектура во Прага, Чешка. По дипломирањето основал свое проектантско ателјe во Прага и во чехословачките архитектонски кругови е повеќе познат како архитект и архитектонски критичар, отколку урбанист. По завршувањето на Втората светска војна бил директор на издавачката куќа „Свјет в образех“ и главен уредник на истоимениот орган на чешката влада.[1]

Во 1945 година, во време кога Кубеш бил главен уредник на државниот весник, на Првиот сесловенски конгрес во Братислава, Кубеш се сретнал со Димитар Влахов и Анте Чадиковски, Македонец кој живеел во прага.[1]

Во 1947 година на покана од Владата на НР Македонија, се преселил во Скопје и работел на урбанистичка студија за градот. Во период од 1956-1967 година работел во Заводот за урбанизам на Македонија како самостоен проектант. Работи во како самостоен проектант во проектантското биро ГП „Црвена ѕвезда“ од Гостивар, како и во ДЗ „Градба-проект“ од Скопје.

Во периодот од 1971 до 1973 година работел како главен проектант за архитектура и урбанизам во „Студиопроект“ во Скопје, а до 1984 година како самостоен проектант во ГП „29. ноември“ во Скопје.

Концепт на работа

уреди

Во периодот во којшто твори и работи во Чехословачка, скоро сите новопроектирани градови се под влијание на парадигмите на зонирање на CIAM (Meѓународен конгрес на модерната архитектура), со слободностоечки објекти втопени во зеленило, со особен акцент на ефикасен сообраќаен систем. Евидентно е буквалното применување на основните поставки на „функционалниот град“ за зонирање на главните градски зони, обезбедување ефикасна циркулација преку модерен транспортен систем, обезбедување на отворен простор покрај функционалните зони и дозволување на соодветна субурбанизација. Во концепирање на одредени делови од градот применет е и моделот на „линеарен град“ , кој предвидува строга поделба на зоните во линеарни појаси.[2] Видливо е влијанието од поставките на модерната и во урбанистичкото планирање на Кубеш.

Во архитектонското творештво тој особено внимание посветува на рационалното решавање на функцијата и конструкцијата. Воведува еден вид динамизам во обликувањето на објектите, близок до архитектурата на Ерих Менделсон.[3]

Позначајни дела

уреди
  • Идеен урбанистички план на град Скопје (1947 г.)
  • Генерален регулационен план на град Скопје (1948 г.)
  • Детални урбанистички планови за Скопје, Кочани и Кичево (1948 г.)
  • Станбени блокови во нас. Мичурин во Скопје (1948 г.)
  • Детално урбанистичко решение на туристичко рекреативен центар „Сарај“ во Скопје (1949 г.)
  • Летно кино со сцена во скопскиот парк (1949 г.)
  • Летен ресторан „Опатија“ во скопскиот парк (1952 г.)
  • Станбени објекти на ул. Орце Николов во Скопје (1952 г.)
  • Станбен блок со продавници во Ресен (1958 г.)
  • Туристичко рекреативен центар Македонија - Белви, Скопје (1970 г.), со А. Токарев и М. Токарев

Награди и признанија

уреди
  • 1992 г. е добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов (награда)
  • 1993 г. е добитник на наградата на град Скопје „13ти ноември“, за придонесот во развојот на урбанистичката мисла

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Стојаноска, Софија (11 октомври 2016). „Архитект Лудјек Кубеш“. МАРХ. Скопје. Посетено на 11 октомври 2016.
  2. Пенчиќ, Дивна (Скопје, 2011). Влијанието на урбанистичките планови на дисконтинуираната просторна транзиција на крадот Скопје во XX век. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Токарев, Михаил (Скопје, 2006). 100 години Модерна архитектура, Придонесот на Македонија и Југославија (1918-1990)- книга трета. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Литература

уреди
  • Асоцијација на архитектите на Македонија,(Скопје, 2015 г.)„25 години награда за животно дело Андреја Дамјанов“,
  • Токарев, Михаил (Скопје, 2006), 100 години Модерна архитектура, Придонесот на Македонија и Југославија (1918-1990)- книга трета
  • Пенчиќ, Дивна (Скопје, 2011), Влијанието на урбанистичките планови на дисконтинуираната просторна транзиција на крадот Скопје во XX век.