Лублинско Војводство
Лублинско Војводство (полски: województwo lubelskie) — војводство во југоисточна Полска. Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Лублинско, Хелмско, Замошко, Бјалоподласко и (делумно) Тарнобжешко и Шедлечко, согласно управните реформи усвоени претходната година. Наречена е по градот Лублин, за ја зафаќа територија на четири историски краишта: Малополска во западниот, Црвена Русија во источниот и Полесје и Подласје во североисточниот дел.
Лублинско Војводство Województwo lubelskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Гесло: Smakuj życie! (Вкуси го животот!) | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Лублинското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Лублин | ||
Окрузи | 4 градски, 20 земски * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 25.155 км2 (9,712 ми2) | ||
Население (2016) | |||
• Вкупно | 2.133.340 | ||
• Густина | 85/км2 (220/ми2) | ||
• Градскo | 992.003 | ||
• Селско | 1.141.337 | ||
Рег. таб. | L | ||
Мреж. место | http://www.lubelskie.pl/ | ||
|
Се граничи со следниве војводства: Поткарпатското на југ, Светокришкото на југозапад, Мазовското на запад и север, Подлаското (во мала мера) на север и Белорусија и Украина на исток. Во 2019 г. војводството имало 2.133.340 жители[1]. Зафаќа површина од 25.155 км2, приближно колку територијата на Република Македонија.
Градови и гратчиња
уредиВојводството има 42 градски населени места. Тука се наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[2]
- Лублин (354.272)
- Хелм (67.989)
- Замошќ (66.613)
- Бјала Подласка (58.010)
- Пулави (49.839)
- Швидњик (40.037)
- Крашњик (36.072)
- Лукув (30.564)
- Билгорај (27.225)
- Лубартув (22.950)
- Ленчна (21.689)
- Томашув Лубелски (20.118)
- Краснистав (19.434)
- Хрубјешув (18.617)
- Демблин (17.933)
- Мјенѕижец Подласки (17.162)
- Раѕињ Подласки (16.133)
- Влодава (13.630)
- Јанув Лубелски (11.938)
- Парчев (10.281)
- Поњатова (9.911)
- Рики (9.716)
- Ополе Лубелске (8.832)
- Белжице (7.054)
- Тереспол (5.969)
- Шчебжешин (5.299)
- Бихава (5.285)
- Рејовјец Фабрични (4.533)
- Наленчув (4.243)
- Кажимјеж Долни (3.572)
- Коцк (3.478)
- Тарногруд (3.372)
- Звјежињец (3.344)
- Краснобруд (3.047)
- Сточек Луковски (2.719)
- Анопол (2.690)
- Пјаски (2.626)
- Јузефув (2.450)
- Лашчув (2.300)
- Острув Лубелски (2.245)
- Тишовце (2.242)
- Фрампол (1.415)
Управна поделба
уредиЛублинското Војводство е поделено на 24 окрузи, од кои 4 се градски, а 20 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 213 општини.
Име и изворно име |
Површина (км2) |
Население (2006) |
Седиште | Други гратчиња | Општини |
Градски окрузи | |||||
Бјала Подласка Biała Podlaska |
49 | 58.010 | 1 | ||
Замошќ Zamość |
30 | 66.613 | 1 | ||
Лублин Lublin |
147 | 354.272 | 1 | ||
Хелм Chełm |
35 | 67.989 | 1 | ||
Земски окрузи | |||||
Билгорајски powiat biłgorajski |
1.678 | 104.267 | Билгорај | Тарногруд, Јузефув, Фрампол | 14 |
Бјалски powiat bialski |
2.754 | 113.764 | Бјала Подласка * | Мјенѕижец Подласки, Тереспол | 19 |
Влодавски powiat włodawski |
1.256 | 40.052 | Влодава | 8 | |
Замошки powiat zamojski |
1.872 | 110.225 | Замошќ * | Шчебжешин, Звјежињец, Краснобруд | 15 |
Јанувски powiat janowski |
875 | 47.875 | Јанув Лубелски | 7 | |
Красниставски powiat krasnostawski |
1.067 | 69.274 | Краснистав | 10 | |
Крашњички powiat kraśnicki |
1.005 | 99.770 | Крашњик | Анопол | 10 |
Ленчински powiat łęczyński |
634 | 57.314 | Ленчна | 6 | |
Лукувски powiat łukowski |
1.394 | 108.393 | Лукув | Сточек Луковски | 11 |
Лубартувски powiat lubartowski |
1.290 | 90.484 | Лубартув | Коцк, Острув Лубелски | 13 |
Лублински powiat lubelski |
1.679 | 140.562 | Лублин * | Белжице, Бихава | 16 |
Ополски powiat opolski |
804 | 63.026 | Ополе Лубелске | Поњатова | 7 |
Парчевски powiat parczewski |
953 | 36.512 | Парчев | 7 | |
Пулавски powiat puławski |
933 | 116.829 | Пулави | Наленчув, Кажимјеж Долни | 11 |
Раѕињски powiat radzyński |
965 | 61.445 | Раѕињ Подласки | 8 | |
Рички powiat rycki |
616 | 59.129 | Рики | Демблин | 6 |
Томашувски powiat tomaszowski |
1.487 | 88.343 | Томашув Лубелски | Тишовце, Лашчув | 13 |
Хелмски powiat chełmski |
1.780 | 79.991 | Хелм * | Рејовјец Фабрични | 15 |
Хрубјешувски powiat hrubieszowski |
1.269 | 68.822 | Хрубјешув | 8 | |
Швидњички powiat świdnicki |
469 | 72.290 | Швидњик | Пјаски | 5 |
* седиштето не е дел од округот |
Најчести презимиња
уреди- Вујќик: 12.937 лица
- Мазурек: 9.644 лица
- Мазур: 8.019 лица
Наводи
уреди- ↑ Лублинското Војводство во бројки — Полска во бројки, 31 декември 2016 г. (полски)
- ↑ „Население. Состојба и состав на територијалниот пресек (состојба на 30 јуни 2007 г.)“. Архивирано од изворникот на 2008-05-05. (полски)
Надворешни врски
уреди- Лублинско Војводство на Ризницата ?
- Портал на Лублинското Војводство