Луцкиот висок замок, исто така познат како Лубартов замок, бил изграден во средината на четиринаесеттиот век како седиште на синот на Гедимин, Лиубарт (Лубарт), последниот владетел на Галиција-Волинија. Тоа е најпознатиот белег на Луцк, Украина и таков се појавува на банкнотата од 200 гривни. Друг градски замок, изграден од семејството Чарториски од почетокот на четиринаесеттиот век, сега е урнатина.

Главниот влез на Луцкиот висок замок.

Градот Луцк за време на Киевски Рус имал дрвен ѕид уште од 1075, кога Болеслав Храбриот го опседнал цели шест месеци. Јуриј Долгоруки не успеал да го заземе Луцк по шестнеделна осада во 1149. Во 1255, ѕидините на Луцк биле нападнати од Куремса, правнукот на Џучи.

Тековниот замок, кој се наоѓа над реката Стир, главно бил изграден во 1340-те, иако некои делови од претходни ѕидови биле користени. Издржал многу опсади од страна на бројни моќници, меѓу кои Казимир III (1349), Владислав II Јагело (1431) и Сигисмунд Кејстутович (1436). Конференцијата во Луцк во 1429 се одржала на ова место, во присуство на Жигмунд Луксембуршки, Василиј II Слепиот, Владислав II Јагело, Витовт и војводата на Влашка.

Во текот на долгото владеење на Витовт, Луцкиот замок бил дополнително збогатен за одбрана од артилерија и огнено оружје. Основниот влез, сега изѕидан, бил од западната страна и бил споен со мост над надворешниот шанец. Три главни кули, наречени по Лиубарт, Свидригајло и епископот, биле изградени во текот на 16 и 17 век.

Ѕидовите на замокот порано ја опкружувале катедралата „Свети Јован“, местото каде престојувал Големиот војвода на Литванија, а исто така и епископската палата. Од овие градби, само неокласичарската палата на бискупот сè уште постои.

На 2 јули 1941, 1.160 Евреи биле убиени внатре во замокот.[1] Нема никаков споменик или маркер за оваа трагедија во замокот.

Наводи

уреди
  1. Timothy Snyder: The Life and Death of Western Volhynian Jewry, 1921-1945. In: Ray Brandon, Wendy Lower: The Shoah in Ukraine. Indiana University Press, 2008, ISBN 0-253-35084-0, ISBN 978-0-253-35084-8, S. 92
  • Памятники градостроительства и архитектуры Украинской ССР. Киев: Будивельник, 1983—1986. Том 2, с. 48.

Надворешни врски

уреди

50°44′20″N 25°19′24″E / 50.73889° СГШ; 25.32333° ИГД / 50.73889; 25.32333