Локомоторен апарат
Локомоторниот систем е составен од : коски, мускули и зглобови.Наука која го изучува коскениот систем се нарекува osteologia. Се дели на општа која ја изучува градбата на коскеното ткиво и специјална остеологија која ги изучува одделните коски. Miologija е наука која го изучува мускулниот систем.
Локомоторен апарат | |
---|---|
Features of the human activity system from the 1911 Encyclopaedia Brittanica:
Left image: α = Serratus magnus, β = Deltoid, γ = Biceps, δ = Poupart's ligament, ε = Patella, T.P. = Tranpyloric plane, S.C. = Subcostal plane, I.T. = Intertubercular plane. Right image: β = Dimple over posterior superior spine of ilium, γ = Lower angle of scapula, δ = External head of triceps, ε = Depression over great trochanter ζ = Popliteal space, η = Gastrocnemius. (The scale between the figures represents head-lengths.) | |
Човечки скелет, предна страна. | |
Назнаки | |
MeSH | system A02.835.232.500.247 |
FMA | FMA:9611 |
Коска
уредиКоската(os) е потпорно ткиво составено од клетки и меѓуклеточна материја. За растење на коскеното ткиво се грижат посебни клетки ко се наоѓаат под периостот и епифизната рскавица на коските и се наречени остеобласти. Од друга страна за растење на коскената материја служат остеокласти кои се сместени од внатрешната страна на компакноста на коските на преминот кон коскената срж. Нивната работа е синхронизирана и на тој начин е овозможено обликубајне на коските. Зачетоците на коските претставуваат рскавични модели и меки сврзни мембрани. По пат на осификација се преобразуваат во коски кои се изградени од органски и неоргански материи . Оpганска материја е застапена со 30 % и таа им обезбедува еластичност на коските. Неорганскиот дел им дава цврстина на коските и е составен претежно од калциум фосфат и калциум карбонат. Коските се изградени од два вид ана коскено ткиво и тоа : збиена супинација (supstantia compacta) и сунгерлива (supstantia spongiosa). Компактното коскено ткиво го гради површинскиот слој и е и е составено од коскени ламели распоредени концентрично (Haversovi канали). Спонгиозното ткиво се наоѓа подлабоко изградено од коскени гредички и ливчиња кои ограничуваат различни по форма големина шуплини кои се исполнети со црвена коскена срцевина (medulla ossium rubra). Површината на секоја коска со иклучокна зглобните површини е покриена со мембрани наречена покосница (periosteum). Периостот е фиксиран за коската со помош на одделени сврзни влакна и содржи крвни садови и нерви. Според надворешниот коската може да биде долга (os longum), куса ( os breve), и плочеста (os planum). На секоја долга коска се разликуваат тело (corpus ili diaphysis) и краишта (epiphysis). Дијафизата од долгите коски е изградена од компактно ткиво налик на шуолив цилиндар. Тое е медуларната шуплина (cavu medullare) исполнета со жолта коскена срцевина (medulla osium). На површината од коските се забележуваат нерамнини различни по форма и големина кои го градат зглобниот и незглобниот релјеф.
- Зглобниот релјеф на коските претставен е од зглобни истакнувања и вдлабнувања. Имаат за цел да го распределат притисокот на зглобот на поголема површина , да го избегнат оштетувајнето на коскеното ткиво. Може да наликува на глава (corpus), засек (incisura), макара (trochlea), зглобно тело (condylus) д-р
- Незглобен релјеф на коските е предизвикан од акцијата на мускулите што се припојуваат на коските. Тие можи да наликуваат на џумка (tuber), мала џумпка (tuberculum), гребен (crista ), шилец (spina), и рапавост (tuberositas).
Опишаните коскени нерамнини имаат за цел да ја зголемат припојната површина на мускулите и врските. Коските имаат способност на брзо обновување при кршење (fractura). На повреденото место периостот се задебелува, а остеобластите се размножуваат и формираат младо коскено ткиво (calus) и ја проспособуваат архитектурата под влијание на механичките фактори.
Мускулен систем
уредиМускулниот систем претставува активен дел од локомоторниот апарат во човековото тело. Постојат три вида мускули:
- напречнопругасти мускули ( скелетни мускули)
- мазни мускули
- срцев мускул
Скелетните мускули се поврзуваат за коски. Мускулните влакна се издолжени со цилиндрична форма и тапи завршетоци. Повеќе мускулни влакна поврзани со сврзно ткиво оформуваат мускулно снопче, а збир на мускулни снопчиња сочинуваат мускул (musculus). Тој претставува орган способен да се скусува, задебелува (контрахира) и издолжува (екстендир). На секој мускул се разликува месест дел (venter) кој е активен и жилест дел (тетива – tendo) кој е пасивен дел. Човечкото тело има 327 парни и 2 непарни мускули. Според формата мускулите се делат на долги, куси и плочести. Кусите мускули се овални или кружни (m. orbicularis, m. sphincter) кои се наоѓаат околу природните отвори на човековото тело. Плочестите мускули ги градат стомачните и градните ѕидови. Жилестиот дел од плочестите мускули е апоневроза. Долгите мускули влегуваат во градбата на екстремитетите. Секоја тетива поминува во оформен мускулен дел или глава (caput). Споре бројот на главите мускулот може да биде двоглав, троглав или четириглав (m. biceps, m. triceps, m. quadriceps). Површината на мускулното тело е обвиткана со слој од сврзно ткиво кое гради надворешна мускулна обвивка (perimysioum exsternum), а во внатрешноста внатрешна мускулна обвивка ( perimysium interni ).
Помошни органи на мускулите
уредиСекој мускул е обвиткан со тенка мембрана наречена (fascija) која образува фиброзна ложа значајна за неговата функција. На места што при контракција на мускулите, нивните тетиви се лизгаат врз коските, триењето се облажува со синовијални кесиња или бурзи. Бурсите претставуваат перничиња исполнети со течност налик на синовијалната и притоа ги штитат мускулите од повреди при нивна контракција.
Мазни мускули
уредиМазните мускули ги оформуваат ѕидовите на внатрешните ( утробните ) органи, крвните садови, жолчните канали и др. Мускулните влакна имаат вретеновидна форма со заострени завршетоци и може да бидат кружни или плочести. Нивната функција е под влијание на автономниот нервен систем.
Срцев мускул
уредиСрцевиот мускул ( миокард ), анатомски наликува на напречно – пругаста мускулатура. Мускулните влакна се издолжени со цилиндрична форма и соединети формираат мрежа или синцициум. Срцевиот мускул е инервиран од автономниот нервен ситем. Во срцевиот мускул и скелетните мускули се наоѓа киоглобин кој е сличен на хемоглобинот во еритроцитите. Неговата простетична група хем е исто со хемот на хемоглобинот, а глобинскиот дел има помала молекулска маса. Функцијата му е иста како на хемоглобинот, со тоа што процесите на врзувајне и отпиштајне на кислород од страна на миоглобинот се одвива многу побрзо.
Моторна единица
уредиАнатомски и физиолошки мускулите претставуват една целина моторната инервација се одстранува преку моторните нервни клетки што с енаоѓаат во предните рогови на рбетниот мозок. Една моторна клетка преку ефернтен аксон инервира голем број мускулни влакана. Овој слој се состои од моторен неврон и мускулни влакан. Кои пак е инервиран од моторната единица.
Зглобови
уредиСпоред формата зглобните површини подвижните зглобови се дела на :
- топчести кај топчестите зглобови едната зглобна површина наликува на полутопка, а другата на јама. Тоа е најподвижен зглоб и движења што се врша околу повеќе оски се : свиткувае (fleksija), истегнување (ekstenzija), оддалечување (abdukcija), приближување (adukcija), кружно движење (cirkumdukcija) и ротирање (rotacija);
- елипсовидни Kaj елипсовидниот зглоб едната зглобна површина наликува на јајце, а другата на јајцевидна вдлабнатина. Во него се вршат движења околу две оски и тоа: свиткувае[ (fleksija), истегнување (ekstenzija), оддалечување (abdukcija), приближување (adukcija) и кружно движење (cirkumdukcija).
- седлестиКај седлестиот зглоб зглобните површини наликуваат на седло. Во него се вршат движењата околу две оски и тоа: свиткувае (fleksija), истегнување (ekstenzija), оддалечување (abdukcija), приближување (adukcija)и кружно движење (cirkumdukcija).
- цилиндричниКај цилиндричниот зглоб една зглобна површина наликува на цилинар или макара а другата на засек. Во него се вршат движења на свиткувае(fleksija) и истегнување (ekstenzija), превртување (pronacija) и одвртување (supinacija).
- рамнирамните зглобови се полуподвижни, бидејќи имаат рамни зглобни површини коишто дозволуваат само мали движења на лизгање.
Надворешни врски
уредиОваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |