Лира Бојку

македонски писател

Лира Бојку  (родена на 9 јуни 1990 година во Скопје, Република Македонија) е македонска писателка.

Лира Бојку
Лира Бојку на првиот Фестивал на проза, Куманово, мај 2022
Роден/а9 јуни, 1990 година
Скопје, Македонија

Живот

уреди

Лира е родена на 9 јуни 1990 година во Скопје. Дипломирала во 2012 година на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што е прогласена за студент од генерацијата 2009/2012 година.

Магистрирала во 2016 година со труд „Имплементација на Конвенцијата за забрана на сите форми на дискриминација на жените во Република Македонија“ на постдипломски студии на програмата ТЕМПУС, насока Меѓународни односи – Човекови права.

Од 2012 година работи како советник во Секретаријатот за европски прашања - Влада на Република Северна Македонија.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од февруари 2018 година.

Творештво и награди

уреди

2013 година наградена со второ место за проза, на литературниот конкурс организиран од Општина Тетово по повод „Денот на азбуката“

2014 година награден со трето место за поезија (награда Сефер Селими)

2017 година е наградена со трето место за проза благодарение на традиционалната манифестација „Културно лето Тетово“