Епископија Либек

(Пренасочено од Либечка епископија)

Епископија Либек (германски: Hochstift Lübeck) — поранешна римокатоличка, а подоцна протестантска епископија, како и држава на Светото Римско Царство.

Принц-Епископија Либек
Hochstift Lübeck
Fürstbistum Lübeck
1180–1803
Coat of arms of Либек
Coat of arms
Принц-Епископијата Либек (темносино) во рамките на Светото Римско Царство (до 1648), епископското седиште во Ојтин прикажано со црвена точка (другите епискописки кнежевства во светлосино)
Принц-Епископијата Либек (темносино) во рамките на Светото Римско Царство (до 1648), епископското седиште во Ојтин прикажано со црвена точка (другите епискописки кнежевства во светлосино)
Статусвазален
Главен градЛибек (седиште на поглаварите),
Ојтин (епископско седиште) од 1309
Уредувањетеократија
Историски периодСреден век
• Епископијата повторно
обновенаво Олденбург
1149
• преместено во Либек
1180
1180
• Се приклучила на
Долносаксонскиот круг
1500
1535
• Секуларизирано на
Војводството Олденбург
1803
Претходници
Наследници
Војводство Саксонија Војводско Саксонија
Војводство Олденбург

Историја

уреди
 
Грбот на Епископијата (од Зибмахер, 1605)

Првобитната епископија била основана околу 970 година од царот Отон I во Билунговата марка во Олденбург во Холштајн (Aldinborg или Starigard), поранешно седиште на паганското племе Вагри. Тогаш, Олденбург бил подредена епископија на Архиепископијата Бремен, со цел да врши христијанизацијата кај Ободритите. Меѓутоа со словенското востание во 983 година, Вагрите ја раздрмале царската надмоќност и во 1038 година, епископите биле избркани од нивната епископија. Во 1052 годија, епископиите на Рацебург и Шверин се одвоиле од Олденбург и ниеден епископ не бил поставен по 1066 година.

Откако саксонскиот гроф Хајнрих Бадевиде ги нападнал поседите на Вагрите источно од Limes Saxoniae во 1138/39, нов епископ на Олденбург, Вицелин бил поставен во 1149 година. Хајнрих Лавот, војвода на Саксонија, го преместил седиштето на епископијата од Олденбург во Либек во 1160 година. Кога Војводството Саксонија било распуштено со отстранувањето на Хајнрих во 1180 година, епископијата се здобила со царска непосредност (reichsunmittelbar). Избиле кавги откако Градот Либек стекнал царска непосредност во 1226 година и бидејќи територијата на државата била сместена околу Ојтин, градот во 1309 година станал епископско седиште.

 
Либечка катедрала.

Епископијата не се обидувала да се бори против реформацијата. Во 1531 година, Слободниот Град Либек, предводен од Јоханес Бугенхаген, станал протестантски, забранувајќи католичко проповедање во дел на Либечката епископија под власт на градот. И во 1535 година, Либечката катедрала и понатаму сите други територии на епископијата го прифатиле лутеранството. Принц-Епископот бил избиран од колегиум; од 1586 година, сите управници на епискоското кнежевство биле членови на линијата Холштајн-Готорп на Олденбуршката династија. По Вестфалскиот мир во 1648 година, Либек било едно од двете протестантски епископски кнежевства во Царството (заедно со Оснабрик, меѓутоа, кое било предводено и од протестантски и од католички епископи).

Кнежевство и Регион Либек

уреди

Принц-Епископијата била медијатизирана во 1803 година. Станала Кнежевство Либек и била доделена на Војводството Олденбург, бидејќи последниот кнез-епископ Петар I од Холштајн-Готорп бил исто така принц-регент на Олденбург. Во 1803 година, кнежевството зафаќало 9,5 квадратни милји („германски милји“) со околу 22.000 жители. Негов главен град бил Ојтин.

 
Грбот на Кнежевството Либек до 1829.

Помеѓу 1810 и 1814 година, кнежевството било припоено од Франција, пред да биде вратено на Војводството Олденбург. Војводството Олденбург, именувано по неговиот главен град Олденбург, така делејќи го неговото име со градот Олденбург во Холштајн, првичното седиште на Епископијата, што било чиста случајност.

 
Олденбуршки енклави: Кнежевството Либек во 1868 (горе) и Кнежевството Биркенфелд (долу).

По Австриско-пруската војна во 1867 година, кнежевството било зголемено за холштајнскиот посед Аренсбек, како надомест за наследничките тврдење на војводската Олденбуршка династија на Холштајн. Откако Олденбург станал република во 1918 година, областа останала како енклава на Слободната Држава Олденбург, сега именувана Регион Либек (германски: Landesteil Lübeck).

 
Грбот на поранешниот округ Ојтин.

Во 1937 година, регионот бил припоен кон пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн со територијалната распределба според Законот за голем Хамбург. Тогаш, Регионот Либек станал округ Ојтин, кој бил споен со соседниот округ Олденбург во Холштајн во нов округ Источен Холштајн во 1970 година.

Лутеранската црква, од протестантската реформација претставува мнозинство од жителите, останувајќи одвоен ентитет, именуван Евангелско-лутеранско покраинска црква на Олденбуршкиот Регион Либек (германски: Evangelisch-Lutherische Landeskirche des oldenburgischen Landesteils Lübeck, предводена од администратор или епископ во Ојтин) додека не била споена со соседната покраинска црква во новата Северноелпска евангелистичко-лутеранска црква во 1977 година.

Географија

уреди

Државата имала област од 541 км²; бидејќи царскиот град Либек не бил вклучен, единствен град бил Ојтин.

Наводи

уреди