Стадион Лецигрунд

(Пренасочено од Лецигрунд)

Стадион Лецигрунд е фудбалски стадион во Цирих (Швајцарија), на кој своите натпревари ги играат клубовите ФК Цирих и Грасхопер. Стадионот е отворен на 22 ноември 1925 година.

Стадион Лецигрунд
Место Цирих, Швајцарија Швајцарија
Отворен 22 ноември 1925
Реновиран 30 август 2007
Срушен 15 ноември 2005
Сопственик градот Цирих
Игра Цирих Цирих
Грасхопер Грасхопер
Гледачи 25,000

Лецигрунд е еден од ретките стадиони во светот кој е помалку познат по фудбалот, а повеќе по легендарниот атлетски митинг. Стариот стадионот бил срушен во 2005 и за повеќе од година дена е изграден нов, помодерен и поубав во облик на школка за 25.000 гледачи.

Трошоците за изградбата изнесувале 110 милиони CHF, и додатни 5 милиона CHF заради проширувањето на сместивоста за Европското првенство 2008 на 30.000 седечки места.

На овој стадион се одиграле три натпревари на Евро 2008, вклучувајќи го и дербито меѓу Франција и Италија.

Надворешни врски

уреди