Лепша Пиперковска

Лепша Пиперковска (Скопје, 1 ноември 1932 - Скопје, 20 февруари 2016) — видна македонска пијанистка, основоположник на македонската пијанистичка педагогија.

Лепша Пиперковска
Родено имеЛепша Бојаџиева
Роден(а)1 ноември 1932(1932-11-01)
Скопје, Македонија
Починал(а)20 февруари 2016(2016-02-20)
Скопје, Македонија
Жанровикласична музика
Занимањапрофесор по пијано и методика по пијано, автор на учебници по пијано
Инструментипијано
Период на активност1954-2006
Мреж. местоhttp://www.mmc.edu.mk/Piperkovska.htm

Животопис

уреди

Пиперковска е родена како Лепша Бојаџиева на 1 ноември 1932 година, во Скопје. Првиот јавен настап на пијано го има на осумгодишна возраст. Со објективот на фотографот Благоја Дрнков, еден од малкуте визуелни хроничари на настаните во повоениот период, е документиран настапот на Лепша Бојаџиева на еден од завршните годишни концерти на класата по пијано на Нада Органџиева во салата на Средната музичка школа во Скопје. Во 1951 година станува дел од генерацијата македонски музичари кои своето академско образование го изведуваат во еден од главните музички центри на тогашната југословенска музичка култура – Музичката академија во Загреб во класата на проф. Надежда Матовиновиќ. Во 1954 година започнува да предава пијано во Нижата и Средната музичка школа во Скопје. Истовремено таа станува корепетитор на останатите класи, а продолжува и со својата изведувачка дејност и учествува во емисии во живо на програмата на Радио Скопје.

Лепша Пиперковска е еден од првите професори по пијано на Високата музичка школа во Скопје (основана 1966 година), подоцна Факултет за музичка уметност - Скопје (1978). Во оваа институција таа предавала [пијано] и методика по пијано, а била и професор на магистерски студии. Во периодот 1954-1966 година била наставник по пијано и корепетитор во Нижата и Средната музичка школа во Скопје. Во нејзината класа по пијано биле: Евушка Трпкова-Елезовиќ, Стела Слејанска, Валери Стефановски, Султана Марковска, Димитрије Бужаровски, Лепа Христова-Мрмевска, Јелица Митревска, Драги Апостолов, Катерина Гајдова, Маргарита Јосифовска-Татарчевска, Нешка Шаламанова, Валентина Гушевска-Нолчева, Дирона Соколовска итн. Во нејзината класа по методика на музичка настава магистрирале Милица Шкариќ и Слаѓана Јовановиќ.

Покрај педагошката дејност Лепша Пиперковска бележи значајни остварувања на полето на методиката за пијано. Автор е на 8 учебници по пијано (Школа за пијано, Распеани и разиграни прстиња, Пијаното не здружува, Скали, акорди, арпеџа).

Починала во Скопје на 20 февруари 2016 година.[1]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди