Леон Шах-Паронијанц

руски поет и публицист

Леон Михајлович Шах-Паронијанц (руски: Леон Михайлович Шах-Пароньянц; 18 јуни 1863 во Тбилиси1927 во Санкт Петербург) — руски потомствен дворјанин, поет, публицист и македонофил.[1]

Леон Шах-Паронијанц
Леон Михайлович Шах-Пароньянц
Роден Леон Михајлович Шах-Паронијанц
18 јуни 1863
Тифлис, Руско Царство
Починал 1927(1927-00-00) (возр. 63–64)
Ленинград, СССР СССР
Националност Русин
Занимање поет, публицист

Животопис

уреди

Завршил Историско-филолошки факултет и слушал на Правниот факултет во Харков. Соработник на Македонската колонија во Петроград и соосновач (заедно со Димитрија Чуповски и Вјачеслав Смелков) на Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј“ во Санкт Петербург во 1913 година.

Автор на стихови за Македонија и Македонците (МГ, 1913-1914 и сепаратно 1915) и потписник на Резолуцијата за македонското прашање на Друштвото за словенска заемност (8 јуни 1915 година).

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шашко“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1649. Text "series " ignored (help)