Леонард Мазинг

славист

Леонард Мазинг (познат и како: Готхилф Леонард Мазинг; германски: Gotthilf Leonhard Masing; 21 ноември 18454 април 1936) — универзитетски професор, теолог, славист, индоевропеист, дијалектолог, акцентолог и автор на трудови од областа на македонскиот јазик.[1] Мазинг по потекло бил дел од Балтичките Германци.

Леонард Мазинг
Роден Готхилф Леонхард Мазинг
21 ноември 1845
Мустјала, Руско Царство
Починал 4 април 1936(1936-04-04) (возр. 90)
Тарту,  Естонија
Занимање јазичар

Животопис

уреди
 
Професори на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Тарту. Професорот Мазинг седи трет оддесно налево.

Неговиот татко бил свештеникот Карл Јоханес Мазинг.[2]

Учел во Тарту во периодот 1863-1868, а студирал и на Гетингенскиот и Лајпцишкиот универзитет. Работел на Тартскиот универзитет како вонреден професор по компаративна граматика на руски јазик и литература и словенски јазици во периодот 1880-1902 и како редовен професор во периодот 1902-1925.[3]

Македонски јазик

уреди

Како славист со феноменален слух и знаење на над 50 јазици, тој во говорот на Македонците, што ги сретнал во Германија препознал одлики на создаден јазик, различен од другите словенски јазици.[1]

Неговите дела за рефлексот на „тј“ и „дј“ од 1890 година и за македонскиот акцент од 1891 година дале поттик за натамошни македонистички истражувања.[1]

Дела

уреди
 
За јазиковната оценка на Македонските Словени: I. Рефлексите на tj и dj., 1890

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мазон“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 817. Text "series " ignored (help)
  2. Deutschbaltisches Biographisches Lexikon 1710-1960. 1970. Böhlau Verlag Köln Wien
  3. Raamatukogu, Tartu Ülikooli (2008-02-02). „Tartu Ülikooli üliõpilased ja õppejõud kuni 1918“ (естонски). Наводот journal бара |journal= (help)