Легенди (раскази од Карел Чапек)
Легенди (чешки: Devatero Pohádek...) е збирка раскази од чешкиот писател Карел Чапек. Збирката е објавена во 1967 година, во издание на „Македонска книга - Скопје, во рамките на библиотеката „Златна клупа“. Преводот од словенечки јазик е дело на Димитар Димитров.
Технички одлики
уредиЗбирката е печатена во мек повез и има 114 страници. Книгата не е каталогизирана. Техничкото уредување е дело на Коста Бојаџиевски, додека нацртот на корицата го направил Томо Шијаковиќ. Во книгата има илустрации, кои се дело на Јозеф Чапек. Коректурата е дело на Драга Стефанова. Книгата била испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“, во тираж од 10 000 примероци.[1]
Содржина
уредиЗбирката „Легенди“ содржи осум раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена белешка за писателот. Во збирката се застапени следниве раскази:[1]
- Кучешка легенда
- Птичја легенда
- Легенда за водните луѓе
- Разбојничка легенда
- Легенда за поштарите
- Скитничка легенда
- Голема полициска легенда
- Голема докторска легенда (Коска во грлото, За Сулејманската принцеза, Случајот со Хејкал, Случајот со водниот човек, Случајот со вилите, Како е излечен волшебникот Магијаш).