Ла Коруња (покраина)
Ла Коруња (шпански: La Coruña) или офиц. А Коруња (галициски: A Coruña) — најсеверозападна покраина на Шпанија и една од четирите кои ја сочинуваат автономната заедница Галиција. Опкружена е од Атлантскиот Океан на запад и север, покраината Понтеведра на југ и покраината Луго на исток.
Ла Коруња / А Коруња La Coruña / A Coruña | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
покраина | |||||||
Разни знаменитости во покраината | |||||||
| |||||||
![]() Местоположба на покраината во Шпанија | |||||||
Земја | ![]() | ||||||
Автономна заедница | ![]() | ||||||
Capital | Ла Коруња | ||||||
Управа | |||||||
• Орган | Собрание на Ла Коруња | ||||||
• Претседавач | Валентин Гонсалес Формосо (СПГ) | ||||||
Површина | |||||||
• Вкупна | 7,950 км2 (3,070 ми2) | ||||||
Население (2018)[1] | |||||||
• Вкупно | 1.121.484 | ||||||
• Густина | 140,000/км2 (370,000/ми2) | ||||||
Пошт. бр. | 15--- | ||||||
ISO 3166 | ES-C | ||||||
Парламент | 24 пратеници (од 75) | ||||||
Конгрес | 9 пратеници (од 350) | ||||||
Сенат | 4 сенатори (од 264) | ||||||
Мреж. место | dicoruna.es |
ИсторијаУреди
Историјата на покраината започнува некаде на крајот од средниот век, за време на владеењето на католичките кралеви. Во тоа време покраината била значително помала од денес, а денешните граници ги добила дури со територијалното преуредување на Шпанија во 1833 г. кога сета покраина Бетансос и половината од Мондоњедо биле споени во една, со главен град Ла Коруња.
Оттогаш Ла Коруња е покраина со најголемо население и најголд брег во Галиција. Сè до втората половина на XX век, покраината била духовно и културно средиште на сиот регион. Универзитетот на Сантјаго де Компостела бил единствениот во северозападна Шпанија сè до смртта на Франциско Франко.
Главни знаменитостиУреди
Од исклучително значење е катедралата „Сантјаго де Компостела“ како крајно одредиште на познатиот Пат за Сантјаго — важен историски пат за поклонение на Апостол Јаков уште од средновековието. Тука и денес доаѓаат голем број поклоници од најразлични делови од светот.
ПарковиУреди
- Национален парк Атлантски острови на Галиција[2] — единствениот национален парк во Галиција. Зафаќа делови од покраините Ла Коруња и Понтеведра.
- Еумски шуми — се протега во окрузите Еуме и Ферол.
- Природен парк Дини на Корубедо (Parque Natural das Dunas de Corrubedo e lagoas de Carregal e Vixán) — плажен парк на самиот крај на полуостровот Барбанса.
СообраќајУреди
Воздушен сообраќајУреди
- Аеродром Сантјаго де Компостела
- Аеродром Ла Коруња - Алведро
- Хелидром Грања (Феролтера)
- Хелидром Нарон (Феролтера)
Железнички сообраќајУреди
- Државна железничка мрежа на Шпанија (RENFE) — ги поврзува сите поважни градови: Ферол, Бетансос, Ла Коруња и Сантјаго де Компостела
- Шпански теснолинејки (FEVE) — го поврзува Ферол со разни населени места во Ортегал. Оди и до Ирун во Баскија.
- Шпанска големобрзинска железничка мрежа (AVE) — ги поврзува поважените градови на покраината со Лисабон и Мадрид.
СтопанствоУреди
ПристаништаУреди
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Општински регистар на Шпанија 2018. Национален статистички институт.
- ↑ Национален парк Атлантски острови на Галиција Архивирано на 27 јануари 2007 г. (шпански)
Надворешни врскиУреди
- Ла Коруња (покраина) на Ризницата ?
- Собрание на Ла Коруња (галициски)