Латерна магика

театар во Прага, Чешка
(Пренасочено од Латерна магика - театар)

Латерна магика (латински: Laterna Magika) — еден е од првите мултимедијални театри во светот. Формиран е во Прага, Чехословачка во 1958 година[1].

Основните принципи и концепти на Латерна магика

уреди

Во својот концепт, театарот ги обединува : театарска играглума, режија, танц, кореографија, балет, пантомима па сè до таканаречениот „Црн театар“ што претставува посебно театарско визуелно осветлување кое реагира на флуоресцентно светло – создавајќи впечаток дека светлината извира од костимите, сценографијата, севкупниот штимунг во сцената. Всушност по тоа е и најпознат[2].

Оваа светлосна иновација ќе изврши особено влијание подоцна во низа театарски и циркуски поставки, создавајќи своевиден таканаречен - магичен театарски израз[3] .

Кај нас оваа особена специфична поетска визуелизација ќе ја применува во своите претстави македонскиот режисер Владо Цветановски, во низа антологиски претстави „Подземна република“, „Животот е сон“ и други работејќи со сценографот Владо Ѓорески[4].

Театарот латерна Магика во своето опстојување ќе забележи низа настапи и гостувања во светот, извршувајќи значајна улога особено во современата визуелизација на театарскиот современ израз: Советскиот Сојуз, Сирија, Египет, САД, Англија, Франција, Холандија, Белгија, Австрија, Шпанија , Израел. Добитник е на повеќе од шеесет меѓународни награди.[5].

Нов театарски израз и стил

уреди

Севкупниот нивни репертоар опфаќа оригинални театарски дела кои немаат свои изведби низ други театри во светот. Во најново време применуваат и останата технологија која опфаќа: видео проекција синхронизирана со живото дејствување на глумците, компјутерски интервенции, визуелни анимации и друго. Нешто за кое прв пионер во македонскиот театар исто така беше споменатиот македонски режисер[6].

Програмата, која се состоеше од најразлични проекти, беше пред сè заедничка работа на Алфред Радок и Јозеф Свобода, кои уште од самиот почеток ги дефинираа принципите на односите помеѓу акцијата на сцената и филмот, кои ги развива Латерна Магика како основен театарски израз и стилдо денес: проекцијата не е само подвижна позадина, генератор на своевидна сценска реалност, клучен фактор е меѓусебната поврзаност помеѓу содржината на она што се случува на сцената.

 
Новата зграда на Националниот театар во Прага - седиште на Латерна Магика

Главни проекти

уреди
Наслов Премиера
Експо 58 26 мај 1958
Експo 58 9 мај 1959
Латерна магика II / Гостување Ленинград, 5 декември 1960
Хофманови приказни 4 септември 1962
Варијации 9 јуни 1963
Варијации 66 27 мај 1966
Експо 67 Монтреал, април – октомври 1967
Ревија на магичната кутија 25 март 1968
Прашки карневал 30 мај 1974
Љубов во карневалските бои 10 април1975
Изгубената бајка 10 октомври 1975
Прекрасен циркус 15 април 1977
Снежната кралица 27 септември 1979
Ниќна проба 5 февруари 1981
Еден ден во Прага 28 октомври 1982
Црниот монах 3 ноември 1983
Грозната голтка 10 февруари 1984
Pragensia, Vox Clamantis 20 декември 1984
Orbis pictus 11 септември 1986
Вивисекција 3 март 1987
Одисеј 10 септември 1987
Minotaur 15 февруари 1990
Волшебната флејта 11 септември 1992
Одисеј (нова верзија) 6 април 1993
касанова 9 февруари 1995
Пузли 14 декемвриr 1996
Замка 17 септември 1999
Графити 17 декември 2001
Аргонаутите 8 август 2004
Rendez-vous 2 август 2005
Коктел 008 10 октомври2008
Легенда за волшебната Прага 3 March 2011
Коктел 012 1 март 2012
Што се однесува 14 февруари 2013
Антикоди 21 март 2013
Човечка локомотивност 6 февруари 2014
Вонредните патувања на Жил Верн 19 февруари 2015
Малата принцеза 1 април 2016
Коцка 23 март 2017

Наводи

уреди
  1. narodni-divadlo
  2. image left
  3. Stage-Prague
  4. „teatarce.mk“. Архивирано од изворникот на 2020-10-29. Посетено на 2020-03-28.
  5. repertoar[мртва врска]
  6. „Laterna_magika“. Архивирано од изворникот на 2020-10-27. Посетено на 2020-03-28.

Надворешни врски

уреди