Панче Касапски (р. 1 јули 1994 година во Штип) — македонски композитор и пејач.

Kasapski - Naivno
Naivno

Живот и кариера

уреди

Панче Касапски е роден на 1 јули 1994 година во Штип. На 8 годишна возраст започнува со посета на основното музичко училиште во Штип каде и го започнува своето музичко образование и изучување на инструментот пијано.

Во текот на своето основно и средно музичко образование се стекнува со бројни признанија и награди на интернационални и домашни натпревари по пијано. Во текот на неговото средно музичко образование, почнува активно да се занимава со компонирање на забавни мелодии. На 15 годишна возраст неговата прва соавторска композиција „Ангели и Демони“ го освојува првото место на фестивалот за забавни мелодии Макфест.

Во 2013 година прв пат се појавува како пејач на фестивалот Макфест, со неговата прва песна „Боли“ со која освојува награда за најдобар дебитант.

Во 2015 година освојува второ место на фестивалот Макфест со песната Кој што ме чуе да пеам дует со Илија Кикиритков. Истата година како автор остварува соработка со Виктор Апостоловски Ни јас ни ти, Александра Андонова Лажи ме, Ѓорги Димитров Ти простив уште тогаш“.

Од 2016 до 2017 година е избран за член на жири комисија за избор на песни, во проектот за породбрување, афирмација и негување на домашната музичка продукција, имплементиран од страна на министерството за култура на Македонија. Истата година ја издава „Уште си ми ти“ која постигнува одличен успех.

Во 2018 година остварува соработка со Александра Јанева како автор на песните „Ќе се вратам некој ден“ и „Срце отвори“ кои постигнуваат одличен успех. Истата година го објавува својот сингл „Намини ноќва“ чиј текст го пишува легендарната Маја Оџаклиевска.

Во 2019 година завршува на факултетот за музичка уметност во Штип како дипломиран пијанист во класата на професор д-р Татјана Џорлева.

Надворешни врски

уреди

Kasapski - Youtube

Kasapski - Instagram

Kasapski - Facebook

Наводи

уреди

[1][2][3][4][5][6][7]

  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2020-07-25. Посетено на 2020-07-25.
  2. https://www.magazin.mk/%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%B5-%D0%BA%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0/
  3. https://www.mkd.mk/zabava/domashna/panche-iliev-so-prerabotka-na-pesna-od-sting-video?page=5
  4. https://daily.mk/vesti/odlichno-kantavtorko-osvezhuvanje-shtipjanecot-panche-2
  5. https://1tv.mk/video/%D0%BF%D0%B5%D1%98%D0%B0%D1%87%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%B5-%D0%BA%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%98%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B8-%D1%81%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B0/
  6. https://mexpress.mk/fraer-k-i/panche-kasapski-ja-promovira-devojka-si-vo-noviot-spot/
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-07-25. Посетено на 2020-07-25.