Лак - јужнокорејски филм од 2005 година, во режија Ки-дук Ким, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Јео-реум Хан, Си-џеок Сео и Гук-хван Џеон.

Синопсис

уреди

На еден рибарски брод живеат еден старец и млада девојка која тој ја одгледува од нејзината шестгодишна возраст. Тој нестрпливо го чека денот кога таа треба да наполни 17 години при што треба да се ожени со неа. Еден ден, на бродот доаѓа младо момче и девојката веднаш покажува симпатија кон него, а потоа почнува да му пркоси на старецот. По некое време, момчето се враќа на бродот со намера да ја земе девојката со себе и да ја однесе кај нејзините родители. Штом тој и девојката испловуваат, старецот се обидува да изврши самоубиство и тие се враќаат на бродот. Старецот и девојката ја приредуваат свадбената церемонија по што испловуваат со чамецот на „свадбено патување“, а момчето останува да ги чека на бродот. Девојката заспива, а старецот се фрла во морето, по што таа се враќа на бродот, каде доживува оргазам, а на нејзиниот бел фустан се појавува крв. Откако го потопуваат бродот, момчето и девојката испловуваат.[1]

Наводи

уреди