Ладислав Баришиќ
Ладислав Баришиќ (хрватски: Ladislav Barišić; Чаковец, Хрватска, 6 јуни 1941 – Скопје, 2 јуни 1991) — македонски и југословенски ликовен критичар[1]. Студирал на Универзитетот во Загреб. Водел ликовни рубрики во македонскиот и во хрватскиот печат („Нова Македонија“, „Екран“, „Остен“, „Око“). Ги одбегнувал идеолошките стапици и преку полемики се залагал за надминување на провинцијализмот во ликовната уметност и во критиката.
- Библиографија
- „Вознемирен шаблон“ - Едиција: Ликовна критика[2]
Наводи
уреди- ↑ Цитати - Т. М. Павловски, Скопје: Дом на ЈНА, 1977
- ↑ „Публикации \ МСУ Скопје“. Музеј на современата уметност - Скопје. Посетено на 2010-05-13.[мртва врска]