Куќи А и Б на Жаулови — куќи изградени од 1953 до 1955 година на парцела од илјада квадратни метри на Ри де Лоншан бр 81, во Неји на Сена (Сенски Висови, Франција), од архитектот Шарл-Едуар Жанере-Гри, викан Ле Корбизје за Андре Жаул и неговиот син Мишел.

Куќи на Жаулови
Maisons Jaoul
Карта
Општи податоци
МестоПариз, Франција
АдресаРи де Лоншан бр. 83
Неји на Сена
Завршена1954-56
Проектирање и изградба
АрхитектЛе Корбизје

Опис

уреди
 
Детаљ од двете куќи на Жаулови

Овие куќи од тули и бетон, секоја со површина од околу 300 квадратни метри, имаат различна експозиција, но ја делат истата градина, бетонска тераса и имаат заеднички подрум. Куќата „A“, за родителите, која гледа на улица, ја штити куќата за деца, „Б“, од погледи од улица. Овие семејни куќи се на два ката и се апликација на модулор. Една од особеностите на овие куќи е употребата на сводови и носечки ѕидови, кои не се на вообичаениот архитектонски јазик на Ле Корбизје.Првите планови за овие куќи биле направени во 1937 година, но изградбата започнала дури по војната, во 1953 година[1].

Семејството Жаул живееле во куќите многу години пред да ги продадат на англискиот милионер Лорд Палумбо во 1987 година. Последниов делумно ги обновил, а потоа ги продал на две сестри кои моментално живеат таму со нивните семејства.

Градбите биле заведени како историски споменик на иницијатива на тогашниот министер за култура, Андре Малро. Куќите се приватни и се отворени за јавноста само во исклучителни прилики.

Наводи

уреди
  1. Caroline Maniaque, Le Corbusier et les Maisons Jaoul - Projets et fabrique, Édition Picard, 2005.

Надворешни врски

уреди
  • Maisons Privées - non-profit organization dedicated to promote and safeguard modern and contemporary private architecture.

48°52′48″N 2°15′14″E / 48.8800° СГШ; 2.2540° ИГД / 48.8800; 2.2540