Куќа на Стефоски
Куќа на Стефоски — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија како особен пример на неокласичната архитектура во градот.[1]
Куќа на Стефоски | |
---|---|
Поглед на куќата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | неокласичен |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | 1924 |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Историја
уредиКуќата е сместена во маалото Воска, до Воска амамот, на улицата „Гоце Делчев“ бр. 167 (алтернативнo 169). Изградена е во 1924 година од непознати мајстори.[1] Му припаѓала на семејството Стефоски.[2]
Архитектура
уредиЗградата претставува три самостојни братски куќи со изобилство од неокласични елементи. Архитектурата е симетрична со ритмично распоредени прозорци и балкони со огради од ковано железо. Фасадата е надополнета со пиластри, хоризонтални профилирани венци и други гипсени украси. Впечатлив е покривниот венец и полукружните и триаголни тимпанони над прозорците на вториот кат, како и пиластрите крај балконските врати, кои завршуваат со богати капители. Како вертикален завршеток има три мансарди со балкони и три тимпанони, од кои два полукружни и еден триаголен. На триаглниот тимпанон во средината е испишана годината на изградба и името на сопствениците. Страничните фасади исто така се симетрични и украсени. Скромна е само северозападната фасада кон дворот.[1]
Градбата е масивна со носечки ѕидови — во подрумот од камен, а на приземјето и катовите од полни тули. Меѓуканите и покривните конструкции се дрвени.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Куќа на ул. Гоце Делчев бр.167“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-29. Посетено на 28 септември 2017.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 80.