Кумановска артилериска бригада

Кумановска артилериска бригада била формирана од составот на артилерците на Седумнаесеттата и Осумнаесеттата македонска ударна бригада.[1]

Состав и дејствување

уреди

Во селото Степанци, Кумановско се формирале две батерии обединети во еден артилериски дивизион, со кој раководел командантот Трајко Костовски. Овој дивизион учествувал во борбите против Германците за освојување на стратегиската кота Паруса, кај Страцинскиот пат, потоа во борбите кај кумановските села, како и во борбите за ослободување на Куманово. Бригадата учествувала во борбите за ослободување на Скопје, а потоа продолжила со борбите за Качаник, Гнилане и Урошевац, каде активно се борела заедно со Осумнаесеттата македонска ударна бригада против балистите во Косово. Последните борби на оваа бригада биле кај селото Песјане и кај Прешево, од каде бригадата е преместена во Скопје, во декември 1944 година.[1]

По реорганизацијата на воените единици, оваа бригада влегла во составот на Првата македонска артилериска бригада.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​159-160