Кулишта (Скребатно)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Кулишта“
| |
Местоположба | 41°9′10″N 20°53′29″E / 41.15278° СГШ; 20.89139° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Скребатно |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Кулишта — археолошко наоѓалиште во охридското село Скребатно. Претставува средновековна кула. На околу 800 м северно од селото се наоѓа прилично висок рид што надвладејува врз околниот терен, опкружен со планини и пристапен само од источната страна, покрај планината Бигла. На врвот се гледаат остатоци од темели на мала кула - набљудувачница, со димензии 8 м (исток-запад) на 5 м (север-југ). Кулата била подигната покрај комуникацијата наречена „Друмје“ која во средниот век го поврзувала Охрид со Битола.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 276. ISBN 9989649286.