Кукова Планина

(Пренасочено од Кук (планина))

Куковата Планина (маорски/англиски: Aoraki / Mount Cook) е највисоката планина во Нов Зеланд, со височина од 3.754 м.[1] Планината е дел од поголемиот венец наречен Јужни Алпи, кој се протега по должината на Јужниот Остров. Ова е популарно туристичко одредиште[2] и омилена кај аплинистите. Куковата Планина има три врва, наречени Низок, Среден и Висок (Low Peak, Middle Peak, High Peak), со Тасмановиот Ледник на исток и Хукеровиот Ледник на запад.

Кукова Планина
Aoraki / Mount Cook
Највисока точка
Надм. вис.3754 м
Истакнатост3754 м 37-ма во светот
Заведена каконајвисока во земјата
ултра
Географија
Кукова Планина
Aoraki / Mount Cook на карта

Карта

ПокраинаNZ
Матичен венецЈужни Алпи
Искачување
Прво освојување1894 - Том Фајф, Џорџ Греам, Џек Кларк
Најлесен патискачување по ледник/снег/мраз

Местоположба

уреди

Планината е сместена во Националниот парк Аораки/Кукова Планина, и заедно со националните паркови Вестленд, Маунт Аспајринг и Фјордленд сочинува областа прогласена за светско наследство на УНЕСКО. Паркот има над 140 врвови повисоки од 2.000 метри и 72 именувани ледници. Ледниците зафаќаат 40% од вкупната површина на паркот (700 км2 или 70.000 хектари).

На подножјето на планината е сместено туристичкото село Маунт Кук, кое ги опслужува посетителите. Оддалечено е 7 км од крајот на Тасмановиот Ледник и 12 км јужно од врвот на планината.

Клима

уреди

Куковата Планина се одликува со значителни орографски врнежи преку целата година. Во сите месеци преовладува влажниот западен ветер што со себе носи дождовни облаци од Тасмановото Море. Годишите врнежи на планината изнесуваат неверојатни 4.293 мм, што е за само 36% помалку од просечните годишни врнежи на целото подрачје на Милфордскиот Теснец, кое е во голема мера највлажното место во земјата.

Име и европско откритие

уреди
 
Поглед на Куковата Планина од едрилица на височина од 4.000 м

На маорски, планината го носи името на митолошкиот јунак Аораки. Првото познато име на Јужниот Остров било Te Waka o Aoraki („Чунот на Аораки“).

Првиот Европеец што ја открил планината бил холандскиот морапловец Абел Тасман,[3] кој ја здогледал во 1642 за време на неговото прво тихоокеанско патување. Во 1851 планината го добила англискиот назив Mount Cook, кога капетанот Џон Лорт Стоукс[1] ја именувал во чест на славниот морепловец Џејмс Кук - прввиот што обиколил и исцртал новозелндските острови (1770), иако самиот не ја видел планината кога истражувал.[4]

Во 1998 е решено дека планината треба да го содржи и маорското име, па затоа е преименувана во комбинацијата „Аораки / Кукова Планина“ (Aoraki / Mount Cook).[5]

Шуми и ледници

уреди

Просечните годишни вржени во околните низини изнесуваат околу 7,6 м. Ова огромно количество на врнежи значи дека пониските крајбрежни делови се покриени со дождовни шуми, а високите предели секогаш имаат снег, а со тоа и ледници. Меѓу нив спаѓаат: Тасмановиот и Мерчисоновиот на источниот дел, како и помалите Хукеров и Милеров Ледник на југ.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Aoraki/Mount Cook: Canterbury places to visit“. Служба за заштита на природата. Посетено на 8 мај 2007.
  2. „Aoraki/Mount Cook National Park Management Plan 2004“ (PDF). Служба за заштита на природата. Архивирано (PDF) од изворникот 2007-06-14. Посетено на 9 мај 2007.
  3. John Wilson (21 декември 2006). „European discovery of New Zealand - Abel Tasman - Te Ara Encyclopedia of New Zealand“. Ministry for Culture and Heritage / Te Manatū Taonga. Посетено на 8 мај 2007.
  4. James Cook (1728–1779). „Captain Cook's Journal During the First Voyage Round the World“. стр. недела, 18 март 1770. Архивирано од изворникот 2007-04-16. Посетено на 9 мај 2007.CS1-одржување: датумски формат (link)
  5. Graham, Doug (13 октомври 1998). „Ngai Tahu Settlement Section 3: Aoraki/Mount Cook“. Влада на Нов Зеланд. Посетено на 10 јуни 2012.

Надворешни врски

уреди