Пирибег
Пирибег | |
---|---|
Поглед на врвот Пирибег | |
Висина | 2.524 м |
Место | Македонија |
Венец | Шар Планина |
Прво освојување | непознато |
Пирибег (или често именуван и како Куќиногледски Врв) е планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.524 метри.
Местоположба
уредиСе наоѓа на главниот шарпланински срт кој ја формира македонско-косовската граница, при што тој претставува трет врв по шарпланинското било. Од западната страна на врвот се наоѓа ски центарот Брезовица на Косово од каде што води жичарница која доаѓа до самиот врв како и патека за искачување од планинарскиот дом „Стојкова Куќа“. На источната страна се изворите на Беловишка Река која ги формира едни од најимпозантните водопади на Шара. Врвот се наоѓа во близина на врвовите Ливадица и Љуботен и Ливадичкото Езеро и има пристап од планинарскиот дом Љуботен. Пирибег претставува вториот најистакнат врв на главниот шарпланински срт и според него е именуван и целиот предел на билото кој започнува на североисток од превојот под Љуботен и Козја Стена со врвот Ливадица, а завршува на југозапад со Куќиногледски Врв од каде се спојува со следниот предел на билото наречен Езерско кој ги опфаќа врвовите Езерска Чука и Езерски Врв.
Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, набројувајќи ги подгоријата (пределите) по главното било и срт на Шар Планина, овој предел погрешно го нарекол со името Терибег[1]. Понатаму, детално опишувајќи го протегањето на главното шарпланинско било и срт запишал дека Езерце Планина со врвот Шилегарник и Голина со истоимениот врв го сочинуваат гребенот кој го соединува Љуботен со Шар[1], од што може да се заклучи дека друго име со кое се именувал овој врв и предел денес познат како Пирибег на крајот на XIX век било - Голина.
Галерија
уреди-
Глетка на Пирибег од Езерски Врв
-
Глетка на самиот врв
-
Глетка на Куќиногледски Врв (Пирибег) и Љуботен од Доброшки Врв
-
Поглед на врвовите Ливадица и Пирибег
-
Поглед на врвот Пирибег
-
Поглед на врвот Пирибег
-
Поглед на врвовите Љуботен и Пирибег (десно) по главниот срт и било на Шар Планина, од Езерски Врв
-
Глетка на Пирибег
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 30–31. ISBN 978-608-245-113-8.
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |