Беловишка Река
Беловишка Река — шарпланинска река која извира на источната страна на врвот Пирибег, тече низ тетовското село Беловиште и се влева во Вардар во близина на Јегуновце. Позната е по своите водопади кои се едни од најголемите на Балканот. Кај мештаните реката реката е позната и под името Река Јелика.
Беловишка Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Вардар |
Должина | ~10 км |
Особености на сливот |
Реката ја сочинуваат три поголеми изворчиња кои се наоѓаат на источната страна на сртот на Шара помеѓу Пирибег и Ливадица и не пресушуваат во текот на целата година.
Петочко Водиче
уредиПеточко Водиче е излетничка месност над селото Беловиште по течнието на реката. Во реонот има две цркви Св. Петка и Св. Јован Крстител, црковна терпезарија и неколку рибници. Чешмата која се наоѓа во црквата „Св. Петка“ се верува дека има лековита вода за очи.
Водопади
уредиБелоовишка река прави три поголеми водопади. Првиот водопад е најмал, но со најголем воден интезитет со и се наоѓа во месноста Петочко Водиче. Висок околу 12 метри и познат е името Враживир.
Средниот водопад се нарекува Долна Цкала и е најголем водопад на Беловишка Река со пад од 43 метри. До него се стасува по 2-3 часа одење по маркирана планинарска патека, која тргнува од црквата Св.Петка од десната страна на реката.
Горниот водопад, или Горна Цкала има непрекинат пад од над 20 метри. Се наѓа во тешко пристапен терен. До него се стигнува по немаркирана планинарската патека која води за врвот Пирибег од левата страна на реката. Патеката тргнува од паркингот кај Петкино Водиче. Има помал интензитет од Долна Цкала бидејќи опваќа само два од трите поголеми извори на реката.
Пределот помеѓу горна и долна цкала е тешко пристапен кањон во букова шума во кој реката формира повеќе слапови и мали водопади
Проекти
уредиПред неколку децении постоела студија изработена од Институтот за води, да се направи мини-хидроцентрала со зафаќање и на другите шарски води. Но бидејќи биле потребни многу пари, проектот не се остварил, иако постоеле неколку понуди за тоа и од одделни меѓународни студии.
Надворешни врски
уреди- Видео за Беловишка Река и водопадите[мртва врска] — репортажа на Телевизија KISS
Поврзано
уредиГалерија
уреди-
Долна Цкала
-
Беловишка Река.
-
Беловишка Река.
-
Беловишка Река.
-
Беловишка Река.
-
Беловишка Река.
-
Беловишка Река.
-
Беловишка Река.
-
Беловишка Река.
-
Беловишка Река.
-
Беловишка Река.