Крстилница „Св. Јован Претеча“ - Солун
Свети Јован Претеча (грчки: Άγιου Ιωάννη του Προδρόμου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Се наоѓа во градскиот центар, околу античката крстилница поврзана со систем од катакомби со соедниот храм „Св. Софија“.[1][2][3]
Свети Јован Претеча | |
---|---|
Άγιου Ιωάννη του Προδρόμου | |
Црковна опрема на влезот | |
40°37′56.5″N 22°56′48.7″E / 40.632361° СГШ; 22.946861° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1940 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Се наоѓа е во мала градина меѓу улиците „Иктин“ на северозапад, „Макензи Кинг“, која ја двои од „Св. Софија“ на север и „Павлос Мелас“ на исток.[1] Старите остатоци се под уличното ниво, на нивото на „Св. Софија“ и „Пресв. Богородица Казанџиска“.[2] Зачуваниот базен првично бил дел од антички нимфеум (храм на нимфите). Христијанската крстилница веројатно е постара од „Св. Софија“. На еден од столбовите е всечен крст.[2] Катакомбниот систем и откриен во 1892 г. и се состои од ходници и две подземни простории, од кои едната со мал извор. Во средината на дворот се остатоците од византиската црква, која многу личи на ротондата „Св. Ѓорѓи“, но помала. Тааа црква пак, е изградена врз рушевините на антички храм.[1] Во 1932 г. се извршени ископувања, кога било решено таму да се подигне зграда. Откривањето на антички остатоци ги запреле градежните работи.[2] Денешната црква е добар пример за ускладување на денешната архитектура со античките остатоци — изградена е од стакло и зелен камен во 1990 г. врз помала црквичка од 1940 г.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Μαλλίδου, Λία. „Άγιος Ιωάννης Πρόδρομος, μια εκκλησία-κατακόμβη στο κέντρο της Θεσσαλονίκης“. Thessaloniki Arts and Culture. Посетено на 10 ноември 2018.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Καζαντζίδου, Νένα (7 јануари 2018). „Ο Χάρτης της πόλης: Ναός Τιμίου Προδρόμου“. Parallaxi Magazine. Посетено на 10 ноември 2018.
- ↑ Φωτεινάκη, Χριστίνα (15 март 2015). „O «αόρατος» ναός με τα υπόγεια μυστικά στο κέντρο της Θεσσαλονίκης“. Seleo.gr. Архивирано од изворникот на 2018-11-10. Посетено на 10 ноември 2018.
Надворешни врски
уреди- Крстилница „Св. Јован Претеча“ - Солун на Ризницата ?