Геометриски лик

(Пренасочено од Геометриска фигура)

Геометриски лик или геометриска фигура (исто така само лик[1][2] или само фигура[3][4]) — рамнинско множество точки, што е ограничено со затворена крива или многуаголна линија.

Одликите на геометриските фигури ги изучува планиметријата или рамнинската геометрија. Најважните одлики на геометриските фигури се обемот и плоштината. Тригонометријата се занимава со пресметување на должините на страните и големините на аглите.

Видови ликови (фигури)

уреди
 
Примери на ликови: паралелограм, триаголник и круг

Многуаголници

уреди

Најважните геометриски фигури се многуаголниците (исто така наречени полигони). Тоа се фигури ограничени со многуаголна (искршена) линија. Поединечните отсечки што ја сочинуваат оваа искршена линија се нарекуваат страни на ликот. Точката каде што се спојуваат две страни се нарекува теме на фигурата.

Основните многуаголници се:

Други фигури

уреди

Друг вид фигури е ограничен со нерамни гранични линии. Најважни од нив се:

Наводи

уреди