Кристоф Најдовски

Кристоф Најдовски (9 август 1969, Париз) — француски политичар, поранешен член на Европа Екологија Зелени. Тој е заменик-градоначалник на Париз задолжен за ресорот за мали деца од 2008 до 2014 година, транспорт, преселувања, патишта и јавен простор од 2014 до 2020 година и обновување на вегетацијата на јавниот простор, зелените површини, биолошката разновидност и состојбата на животните од 2020 година. Од 2018 до 2021 година е претседател на Европската велосипедска федерација .

Кристоф Најдовски
Christophe Najdovski
Кристоф Најдовски во 2014 година
Заменик-градоначалник на Париз задолжен за обновување на вегетацијата на јавниот простор, зелените површини, биолошката разновидност и состојбата на животните
На должноста
Стапил
6 јули 2020
Градоначалник Ан Идалго
Заменик-градоначалник на Париз задолжен за транспорт, преселувања, патишта и јавен простор
На должноста
5 април 2014 – 6 јули 2020
Градоначалник Ан Идалго
Заменик-градоначалник на Париз задолжен за ресорот за мали деца
Градоначалник Бертран Деланое
Лични податоци
Роден(а) 9 август 1969(1969-08-09)(55 г.)
Париз 20. арондисман, Франција
Националност Французин
Живеалиште Париз
Установа Универзитет Париз 1 Пантеон-Сорбона
Професија професор по економски и општествени науки

Потекло и образование

уреди

Кристоф Најдовски е роден во 20. арондисман на Париз [1], во имигрантско семејство кое пристигнало од Македонија една година пред неговото раѓање[2]. Израснал во Порт де Венсен каде неговата мајка била домарка [3] (консиерж), додека неговиот татко бил специјализиран работник во фабриките на Рено во Булоњ-Бијанкур [1].

Студирал економија и во 1992 година се здобил со магистерска диплома за економија на животна средина (неговата теза била за управување со урбан отпад во Сена и Марна[4] ). Потоа полагал за професорски сертификат по економски и општествени науки што ќе му овозможи да предава петнаесет години во парискиот регион [2], во Витри-сир-Сен, во Сен Дени потоа во Париз, во гимназијата „Пол Валери“[3]. До 2013 година предавал социјални политики на Универзитетскиот технолошки институт во Бобињи.

Од 2018 до 2021 година е претседател на Европската велосипедска федерација, што се сметало за лобирање за велосипедизмот[5].

Политички ангажман

уреди

Кристоф Најдовски ја открил екологијата за време на факултетските студии, во контакт со неговиот професор Рене Пасе и во тоа време бил заинтересиран за борбата против апартхејдот како и за милитантните активности на Вацлав Хавел и Чико Мендес[2] .

Се приклучил на Зелените во 1993 година кога избрале да се позиционираат лево[2] . Оттогаш почнал да работи како локален активист.

Се кандидирал на општинските избори во 1995 во 12 арондисман на Париз (каде што живее [2]) во неподобна позиција. Кандидат е во 1997 година на парламентарните избори во 8 изборна единица на Париз.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 « Municipales: Christophe Najdovski, candidat "normal" d'EELV à Paris » Архивирано на 4 ноември 2021 г. publié sur le site du quotidien La Croix le 11 septembre 2013.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Kim Hullot-Guiot, « Christophe Najdovski, un nouveau visage pour élargir l'espace vert » Архивирано на 2 април 2014 г. publié par le quotidien Libération le 18 septembre 2013.
  3. 3,0 3,1 « Christophe Najdovski, le nouvel homme fort antipollution », Le Parisien, 17 mai 2015.
  4. « Déchets urbains : la nécessité d'une gestion intégrée : application à la ville nouvelle de Sénart et à l'agglomération melunaise », en ligne sur le catalogue du système universitaire de documentation, sudoc.abes.fr.
  5. „Fédération européenne des cyclistes“. 19 mai 2019. Посетено на 19 septembre 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help).

Надворешни врски

уреди