Франциско Франко станал диктатор на Шпанија, по победата на републиканската влада во Шпанската граѓанска војна. Франко официјално застанал на чело на државата на 1 април 1939 година, а со Шпанија владеел сè до неговата смрт на 20 ноември 1975 година.

Шпанска држава
Estado Español

1939 – 1975
Знаме Грб
Гесло
Plvs Vltra
Una, Grande y Libre
Химна
Марка реал
Главен град Мадрид
Јазици Шпански
Вероисповед Римокатоличка
Уредување Еднопартиски систем Фашизам Воена диктатура

Република
(1939-1947)
Монархија
(1947-1975)

Државен челник¹
 -  1939–1975 Франциско Франко
 -  1975–1978 Хуан Карлос I
Претседател на Шпанија
 -  1939–1973 Франциско Франко
 -  1973 Луис Кареро Бланко
 -  1976–1978 Адолфо Суарез
Законодавство Шпанска влада[1]
(Appointed by the President of the Government)
Историски период Студена војна
 -  Шпанска граѓанска војна 1936–1939
 -  Крај на републиката 1 април 1939
 -  Смртта на Франко 20 ноември 1975
 -  Уставна монархија 29 ноември 1975
Валута Шпанска песета
¹ Франциско Франко was effectively regent (in place of a monarch) during his tenure as the ruler of the Spanish State. He was however succeeded by Хуан Карлос I, who ascended to the Spanish throne as king.

Создавање на владата за време на Граѓанската војна (1936-1939) уреди

Националистичките генерали одржале неформална средба во септември 1936, каде што го избрале Франциско Франко за водач на националистите, со ранг на Генералисимус. Тој првично требало да биде само главен командант, но по смртта на генерал Емилио Мола (водач на движењето), Франко станал ѝ шеф на државата, каде поседувал неограничена и апсолутната власт.

Оваа привремена влада владела со териториите кои биле контролирани од страна на националистите за време на Граѓанската војна во Шпанија. Нејзини главни политички акции за време на војната биле да се консолидираат хетерогените политички сили, кои се приклучиле на бунтот, во една партија која се викала Falange Española Tradicionalista y de las JÖNS.

Одмаздата на Франко започнала веднаш по завршувањето на војната, при што биле извршени безброј злосторства врз членовите на републиканците. Голем дел од Републиканците биле уапсени, убивани и покрај тоа што некои од нив биле само симпатизери на тој режим. Како резултат на тоа, илјадници граѓани на Шпанија морале да бараат егзил, претежно во Франција и Мексико. Оние коишто побегнале од државата обично се вклучувале во борбата против национализмот и нацизмот. Еден таков пример е митрополитот Луис Компанис кој побегнал во соседна Франција. Во 1940 година, тој бил уапсен од страна на Вишиевска Франција на чие чело се наоѓал Филип Петен и истиот бил екстрадиран во Шпанија.

Уставните промени на владата уреди

За разлика од другите истакнати бунтовници како Хосе Антонио Примо де Ривера (кој бил погубен од страна на републиканците во текот на војната) Франко немал никаква доследна политичка идеологија, освен жестоката борба против комунизмот. Тој првично побарал поддршка од она што тој го нарекувал националсиндикализам (nacionalsindicalismo) и од страна на Римокатоличката црква (nacionalcatolicismo). Националната партија Фаланга, во која членувале фашистичките идеолози за време на Републиката, наскоро е преобразена во Националното движење (Movimiento Nacional). Во април 1937 година, Falange Española Tradicionalista y de las Juntas де Ofensiva Nacional-Sindicalista била создадена со соединувањето партијата на Хосе Антонио Примо де Ривера со Сојузот на националсиндикалистичката офанзива.

По победата на Франко во 1939 година, FET-JÖNS станала единствената правна партија во Шпанија, а потоа, во 1949 година, се сведува како главна компонента на Партија за Навионално движење. Партијата FET-JÖNS била хетерогено организирана, каде Националниот совет бил единстениот систем кој ја имал законодавната власт на Шпанија.

Во 1947 година, со закон донесен преку референдум била создадена т.н. Франкова монархија, на чело со Франко кој бил прогласен за доживотен претседател со право да го назначи својот наследник. Негов наследник е Хуан Карлос I од Бурбонската династија.

Режимот на Франко уреди

Иако Франко во Шпанија под неговото владеење донесел некои орнаменти на фашизмот, неговото владеење не се смета фашистичко; Главната разлика се гледа во то што фашизмот општеството го гледа со односно го трансформира со револуциија а неговото владеење не се соучувало со таа идеологија [2][3][4][5][6] Стенли Пејн, the preeminent scholar on fascism and Spain notes: "scarcely any of the serious historians and analysts of Franco consider the generalissimo to be a core fascist."[5][7] Доколку различни филозофи и историчари сѐ уште го образложуваат режимот на Франко за тоа на која идеологија припаѓа тој, сепак сите се согласни дека неговиот режим потполно се залагла за отфрлање на комунизмот, социјализмот и анархизмот.

Втора светска војна (1939–1945) уреди

Во текот на септември 1939 година, во Европа започнала Втората светска војна. И покрај тоа што Адолф Хитлер и Франциско Франко се сретнале во Хендаје во Франција (1940 година) околу можното влегување на Шпанија во војната на страната на Силите на Оската, сепак договорот не успеал. Така, можеби индиректно, Шпанија останала неутрална за време на војанта.

Изолација (1945–1953) и нејзиниот крај (1953-1959) уреди

По крајот на Втората светска војна, Франко и неговата Шпанија биле вовлеени во политичка изолација од страна на САД, Велика Британија итн. Во 1946 година било употребено ембарго за Шпанија и француската граница кон Шпанија била затворена. Економијата на Шпанија била пред колапс.

По зголемените тензии помеѓу САД и СССР во 1950-тите, ги принудила на САД да бараат нови сојузници во Европа. Франко бил прогласен за голем противник на комунизмот и се сметало дека тоа Шпанија би ја направил можен сојузник на САД за време на Студената војна. Така, изолацијата на државата траела до 1953 година кога Шпанија и САД потпишале договор во Мадрид според кој Шпанија добила економска помош во замена за американските воени бази. Истата година, во 1955 година, Шпанија потпишала конкордат со Ватикан. Шпанија била примена во ООН во 1955 година и Светската банка во 1958 година.[8]

Во декември 1959 година, Шпанија била посетена од страна на американскиот претседател Двајт Ајзенхауер[9]

Последните години на Франко уреди

 
Франко и претседателот на САД, Џералд Форд, на парада во Мадрид, 1975

Во текот на 1968 година, под притисок на ООН, Франко бил принуден да ја признае независноста на Еквадорска Гвинеја. Во 1969 година тој го определува принцот Хуан Карлос де Бурбон за носител на титулата Принц на Шпанија односно негов наследник. Од ова најмногу бил изненаден калкискиот претендент како и таткото на Хуан Карлос, Дон Хуан кој бил граф на Барселона и според кој тиј имал поголемо право за да го наследи престолот отколку неговиот син. Веќе во 1973 година тој се откажал од позицијата премиер (Presidente del Gobierno) останувајќи само главен командант на воените сили на Шпанија. Од 1973 започнала нафтена криза која силно ја погодила Шпанија. Ова предизвикало нов бран на штрајкови (кои биле нелегални во тоа време).

Франко починал на 20 ноември 1975 година на возраст од 82 години, на истиот датум кога починал и Хосе Антонио Примо де Ривера, основачот на Фалангата.

Наводи уреди

  1. http://countrystudies.us/spain/22.htm
  2. Laqueur, Walter Fascism: Past, Present, Future p. 13 1996 Oxford University Press]
  3. De Menses, Filipe Ribeiro Franco and the Spanish Civil War, p. 87, Routledge
  4. Gilmour, David, The Transformation of Spain: From Franco to the Constitutional Monarchy, p. 7 1985 Quartet Books
  5. 5,0 5,1 Payne, Stanley Fascism in Spain, 1923–1977, p. 476 1999 Univ. of Wisconsin Press
  6. Payne, Stanley Fascism in Spain, 1923–1977, p. 347, 476 1999 Univ. of Wisconsin Press
  7. Laqueur, Walter Fascism: Past, Present, Future, p. 13, 1997 Oxford University Press US
  8. The World Bank. Spain. History
  9. „Dwight D. Eisenhower“. Архивирано од изворникот 2003-01-03. Посетено на 2003-01-03.