Вранешнички апостол
Вранешнички апостол — одломка од кирилички полн апостол од втората половина на XIII век[1]. Наречен е според македонското село Вранештица - Кичевско, од каде што му е испратен на А. Михановиќ[1]. Содржи фрагмент од Делата на Светите Апостоли (А1:1-17:15 со две лакуни: А14:4-15:13, А15:37-16:35)[1]. Препишан е од архаична предлошка со траги од глаголичната охридска традиција, која наоѓа одраз пред сè во лексиката на краткоапракосните четива, додека комплеторните се дополнувани од предлошка поврзана со преславските традиции[1]. Вранешничкиот апостол е еден од ретките претставници на апостолите од првата редакција со целосен текст[1]. По правописно-јазичните особености е карактеристичен претставник на Кратовската книжевна школа: едноеров правопис (само ь), тенденција кон употреба само на малата носовка, ограничено мешање на носовките под влијание на охридските традиции, потврди за изговорот на ѫ како у во согласност со северномакедонската средина[1]. Издаден и проучен е од Блаже Конески[1].