Радомирово евангелие
Радомирово евангелие - кирилско полно изборно евангелие од втората половина на XIII век[1]. Наречено е според записот на главниот писец Радомир, покрај кој во пишувањето учествувале уште три лица[1]. Се состои од 182 листа[1]. Според јазично-правописните особености се поврзува со Северна Македонија односно со Кратовската книжевна школа[1]. Препишано е од постара кирилска предлошка која не била иста за целиот ракопис, некои делови сведочат за контакт со руската писменост[1]. Македонското потекло на предлошката најјасно е одразено во делот што ги содржи читањата по Педесетницата (л. 24-80), каде на пр. се откриваат траги од започнатиот процес на мешањето на носовките, кои во текстот се употребуваат главно етимолошки и најчесто се деназализираат во согласност со северномакедонскaта дијалектна подлога (у, е)[1]. Одделни појави сведочати и за контакт со српската писменост[1]. Сложената повеќеслојна структура на текстот со елементи од различна територијална и хронолошка припадност доажа до израз и во лексиката[1]. Покрај добро потврдениот архаичен слој што се надоврзува на охридските традиции, присутни се и бројни подновувања карактеристични за рускиот полн апракос и поврзани со преславските лексички норми[1]. Ракописот е калиграфски оформен и има извонредно богата орнаментика: 314 иницијали кои често претставуваат оригинални комбинации од тератолошки и антропоморфни (човеколики) облици[1]. Се чува во Хрватската академија на науките (ХАЗУ) во Загреб под сигнатура IIIb24[1]
Радомирово евангелие | |
---|---|
Хрватска академија на науките и уметностите | |
![]() Лист од Радомировото евангелие | |
Година на изработка | Втората половина на XIII век |
Материјал | пергамент |
Големина | 182 листови |
Писмо | кирилица |