Хлудов триодпергаментен ракопис од ⅩⅠⅠⅠ в. Има 188 листа и ги опфаќа и двата дела од триодот – посниот и цветниот. Во минатото ракописот се наоѓал во Марковиот манастир крај Скопје. Оттука, во ⅩⅠⅩ в. го зел Александар Гиљфердинг и го однел во Русија. Сега се чува во Хлудовата збирка при Државниот историски музеј во Москва под бр. 133. Овој стар триод е еден од најинтересните триодни текстови од македонска редакција. Во него се среќаваат: вокализацијата на еровите, деназализацијата на големата носовка, замената на јат со а по ц, ѕ, с и др. Мошне интересен е и од литературна гледна точка, поради што рускиот научник Н. Туницки го проучува за да ја установи првобитната редакција на цветниот триод.[1]

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1586. ISBN 978-608-203-024-1.