Лесновски паренезис
Лесновскиот паренезис претставува средмомакедонски килилски ракопис[1]. Потекнува од 1353 година. Содржи 332 пергаментни листа, од кои се зачувани 317 листови. Пишуван е од монахот Тахота во Лесновскиот манастир кај Пробиштип, со кирилско писмо. Орнаментиката е претставена со геометриски иницијали и со заставки во црвена боја. Според содржината претставува зборник со слова и поуки на ранохристијанскиот писател Ефрем Сирин (306-373), чиишто дела преку византиската книжевност се пренеле и во средновековната македонска книжевност. Според записот монахот Тахота го пишувал по наредба на епископот Арсениј, во Лесновскиот манастир Св. Архангел Михаил. Се поврзува со дејноста на Кратовската школа и се вбројува меѓу северномакедонските ракописи. Имало и запис од раката на книжевникот, кој за жал не е сочуван, зашто се наоѓал на листот од старата збирка на Белградската народна библиотека, што изгорела 1941 година. Лесновскиот паренезис денес се чува во Софија, НБКМ, бр. 297, Санкт Петербург, ГНБ, F. n.I 63 (1л.) и Белград, НБ, стара збирка бр. 237
Наводи
уреди- ↑ Vera Stojčevska-Antiḱ (1997). Makedonskata srednovekovna kniževnost. Detska radost.