Кралство Есекс

поранешно кралство во Британија (527 – 825)

Кралство на Источните Саксонци (староанглиски: Ēastseaxna rīce; латински: Regnum Orientalium Saxonum), познато и како Кралство Есекс ― едно од седумте кралства од англосаксонската хептархија. Кралството било основано во 6 век и ги опфаќало териториите на денешните грофовии Есекс, Мидлсекс, поголемиот дел од Хертфордшир и (накратко) западен Кент. Последен крал на Есекс бил Сигеред од Есекс, кој во 825 година му го предал кралството на Егберхт, кралот од Весекс.

Кралство на Источните Саксонци
староанглиски: Ēastseaxna rīce
латински: Regnum Orientalium Saxonum
527–825
Location of Есекс
Говорени јазициСтароанглиски, британско латински
Вероисповед
Паганизам (пред 7-ми век)
Христијанство (по 7-ми век)
УредувањеМонархија
Крал 
• 527–587
Есквин (прв)
• 798–825
Сигеред (последен)
LegislatureВитенагемот
Историски периодХептархија
• Основана
527
• Престанала да постои
825

Протегање

уреди

Кралството Есекс на север се граничело со реката Стур и Кралството Источна Англија, на југ со реката Темза и Кент, на исток било Северно Море и на запад Мерсија. Територијата опфаќала две провинциски римски престолнини, Колчестер и Лондон.

Источните Саксонци, исто така, одвреме навреме имале контрола врз Сари.[1] Накратко во 8 век, Кралството Есекс го контролирало западниот дел од Кент.

Денешната англиска грофовија Есекс ги има истите историски граници на север и југ, но ја зафаќа територијата источно од реката Леа, а другите територии ги изгубила во 8-миот век за сметка на соседна Мерсија.[2]

Историја

уреди

Иако Есекс било едно од кралствата на Хептархијата, неговата историја не е добро документирана и како резултат на тоа, поголем дел од историјата на кралството се смета за релативно нејасна.[3] Во поголемиот дел од постоењето на кралството, кралот на Есекс бил потчинет на господар - различни кралеви од Кент, Источна Англија или Мерсија.[4]

Потекло

уреди

Саксонците се населиле на овие територии на почетокот на 5 век.[5] Според британската легенда територијата подоцна позната како Есекс на Саксонците им била отстапена од келтските Британци, по озлогласеното Предавство на долгите ножеви, кое се случило околу 460 г. за време на владеењето на кралот Вортигерн.

Кралството Есекс се зголемувало со припојување на помали подкралства[6] или саксонски племенски групи.

Монархија

уреди

Есекс се појавил како единствено кралство во текот на 6 век. Датумите, имињата и достигнувањата на кралевите на Есекс, како и за повеќето рани владетели од Хептархијата, се сведуваат на претпоставки (нема цврсти докази). Прв крал, според Источносаксонскиот кралски список, бил Есквин од Есекс, кој почнал да владее во 527 година. Според други извори, за основач на кралската династија Есекс се наведува След од Есекс.[7]

Христијанство

уреди

Најстар англиски запис за кралството датира од Historia ecclesiastica gentis Anglorum од Беде, кој пишува за доаѓањето на бискупот (подоцна свети) Мелитус во Лондон во 604 година. Етелберхт (крал на Кент и господар на јужна Англија според Беде) кој имал одредена власт во Есекс во тоа време, помогнал во покрстувањето на кралот Саберт од Есекс (син на След). Етелбрехт ја изградил црквата Свети Павле во Лондон, каде што денес се наоѓа катедралата Свети Павле. Беде го опишува Етелберхт како господар на Саберт.[8][9] По смртта на Саберт во 616 г.н.е., Мелитус бил протеран и кралството се вратило кон паганството.

Кралството повторно го примило христијанството за време на владеењето на Сигеберхт II Добриот по мисијата на Свети Сед, кој основал манастири во Тилабург и Итанчестер.

Есекс се вратил на паганството во 660 година откако паганскиот крал Свителм од Есекс дошол на власт. Тој се покрстил во 662 година, но умрел во 664 година. Неговите два сина, Сигхере и Себи, го наследиле на престолот. Чумата која избувнала истата година ги натерала Сигхере и неговиот народ да се откажат од своето христијанство и Есекс по трет пат се свртел кон паганизмот. Вулфер од Мерсија ја искористил слабоста на кралството и се наметнал како господар. Беде ги опишува Сигхере и Себи како „владетели […] под Вулфер, кралот на Мерцијците“.[10] Вулфер го испратил Јаруман, епископ од Личфилд, да ги покрсти Источните Саксонци.[11]

Вајн (во 666 година)[12] и Еркенвалд (во 675 година)[12] биле назначени за лондонски бискупи со црковна власт над Источносаксонското Кралство.

Иако Источните Саксонци го изгубиле Лондон (и остатокот од Мидлсекс) во 8 век, бискупите од Лондон имале црковна власт врз Есекс како кралство, шир и округ до 1845 година.[13]

Подоцнежна историја и пропаѓање

уреди

Есекс одржувал добри односи со соседното кралство Кент. Како резултат на тоа кралот След стапил во брак со Рикула, сестра на кралот Етелберт од Кент. Накратко во 8 век, Кралството Есекс го опфаќало и западен Кент. Во овој период, кралевите на Есекс издавале свои скеати (монети), можеби како потврда на сопствената независност.[14] Сепак, кон средината на 8-ми век, голем дел од кралството, како и Лондон, потпаднал под Мерсија, а кралството се свело само на крајниот дел, приближно територијата на денешната област.[15] По поразот од мерсискиот крал Беорнвулф околу 825 н.е., Сигеред, последниот крал на Есекс, му го предал кралството кое потоа станало сопственост на кралот од Весекс, Егберт.[16]

Список на кралеви

уреди

На следниот список од кралеви може да се изоставени цели генерации.

Период Владетел Белешки
527 до 587 година (можеби) Есквин или Eрхенвин Прв крал според некои извори, други извори велат дека неговиот синот След бил прв крал
587 до пред 604 След Син на Есквин/Ерхенвин
Пред 604 до 616/7? Саберхт Син на След
616/7? до 623? Сексред Син на Саберхт. Заедно владеел со Севард и со третот брат; бил убиен во битка против Западните Саксонци
616/7? до 623? Севард Син на Саберхт. Заедно владеел со Сексред и третиот брат; бил убиен во битка против Западните Саксонци
616/7? до 623? (трет син на Заберхт, името не е познато) Заедно владеел со Сексред и Севард; убиен во битка против Западните Саксонци
623? до анте ок. 653 Сигеберхт Малиот
ок. 653 to 660 Сигеберхт Добриот Очигледно син на Севард. Сент Сигеберт; Свети Себи (Празник 29 август)
660 до 664 година Свитхелм
664 до 683 година Сигхер син на Сигеберхт, веројатно „добриот“. Заеднички крал со Себи
664 до ок. 694 Себи Син на Сексред. Заеднички крал со Сигхер; абдицирал во корист на неговиот син Сигеард
ок. 694 до ок. 709 Сигеард Заеднички крал со неговиот брат Свефрд [17]
ок. 695 до ок. 709 Свефрд Син на Себи. Заеднички крал со неговиот брат Сигеард [17]
ок. 709 Офа Син на Сигер. Заеднички крал за време на вториот дел од владеењето на Свефред и можеби Сигеард.
ок. 709? to 746 Саелред Веројатно заеднички крал со Свефберт
ок. 715 to 738 Свефберт Веројатно заедно со Саелред
746 до 758 година Свитред Внук на Сигеард
758 до 798 година Сигерик Син на Саелред. Абдицирал
798 до 812 година Сигеред Син на Сигерик. Мерсија била поразена од Егберт од Весекс, подкралството Есекс било придодаденокон Весекс; од 812 до околу 825 владеел само како војвода.

Наводи

уреди
  1. Baker, John T. (2006). Cultural Transition in the Chilterns and Essex Region, 350 AD to 650 AD. Univ of Hertfordshire Press. стр. 12. ISBN 978-1-902806-53-2.
  2. Yorke, Barbara (2002). Kings and Kingdoms of Early Anglo-Saxon England. Routledge. стр. 47–52. ISBN 978-1-134-70725-6.
  3. H Hamerow, Excavations at Mucking, Volume 2: The Anglo-Saxon Settlement (English Heritage Archaeological Report 21, 1993)
  4. Yorke, Barbara (1985). „The Kingdom of the East Saxons“. Во Clemoes, Peter; Keynes, Simon; Lapidge, Michael (уред.). Anglo-Saxon England 14. Cambridge University Press. стр. 31–36.
  5. Yorke, Barbara (1985). „The Kingdom of the East Saxons“. Во Clemoes, Peter; Keynes, Simon; Lapidge, Michael (уред.). Anglo-Saxon England 14. Cambridge University Press. стр. 14.
  6. Andrew Reynolds, Later Anglo-Saxon England (Tempus, 2002, page 67) drawing on S Bassett (ed) The Origin of Anglo-Saxon Kingdoms (Leicester, 1989)
  7. Yorke, Barbara (1985). „The Kingdom of the East Saxons“. Во Clemoes, Peter; Keynes, Simon; Lapidge, Michael (уред.). Anglo-Saxon England 14. Cambridge University Press. стр. 16.
  8. Bede, book II, chapter 3
  9. Stenton, Anglo-Saxon England, p. 109.
  10. Kirby, The Earliest English Kings, p. 114.
  11. Bede, HE, III, 30, pp. 200–1.
  12. 12,0 12,1 Fryde, et al. Handbook of British Chronology p. 239
  13. „Essex archdeaconry through time“. Архивирано од изворникот на 3 April 2012. Посетено на 14 May 2010.
  14. Rippon, Stephen (1996). „Essex c.700 - 1066“. Во Bedwin, O (уред.). The Archaeology of Essex, proceedings of the Writtle conference. Essex County Council. стр. 117. ISBN 9781852811228.
  15. Brooke, Christopher Nugent Lawrence; Keir, Gillian (1975). London, 800-1216: the shaping of a city. University of California Press. стр. 18. ISBN 9780520026865.
  16. Swanton, Michael, уред. (1996). The Anglo-Saxon Chronicles. Phoenix Press. стр. 60.
  17. 17,0 17,1 Handbook of British Chronology (CUP, 1996)

Библиографија

уреди
  • Карпентер, Клајв. Кралеви, владетели и државници. Guinness Superlatives, Ltd
  • Рос, Марта. Владетели и влади во светот, том. 1. Најраните времиња до 1491 година.

Дополнителна литература

уреди
  • Rippon, Stephen (2022). Territoriality and the Early Medieval Landscape: the Countryside of the East Saxon Kingdom. Woodbridge, UK: Boydell Press. ISBN 978-1-78327-680-6.