Џоана Волш
Џоана Волш (англиски: Joanna Walsh) — британска писателка и илустраторка.
Творештво
уредиВолш работи како писателка и илустраторка. Покрај тоа, таа е уредничка на списанието „3:АМ“ и го води хаштагот #readwomen кој „Њујорк тајмс“ го опишал како „митингшки повик за еднаков третмант на жените-писателки“. Таа пишува и критички текстови за списанијата: „Гардијан“, „Њу Стејтсмен“ и „Д Нешенел“. Нејзини поважни дела се: „„Фрактали“ (2013), Хотел“ (2015), „Вертиго“ (2015), „Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс“ (2015) итн. Исто така, нејзините раскази се застапени во збирките „Најдобрата европска проза“ (2015), „Најдобрите британски раскази 2014 и 2015“ и други.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Белешка за авторката“, во: Џоана Волш, Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс. Скопје: Темплум, 2019, стр. 67.