Кошќушко (национален парк)
Кошќушко (Kosciuszko National Park)) е најголемиот национален парк во aвстралиската сојузна држава Нов Јужен Велс. Паркот е дел од Австралиските Алпи, а името го добил по истоимената планина, на која се наоѓа највисокиот врв во Австралија кој исто така влегува во склопот на овој национален парк.
Национален парк Кошќушко | |
---|---|
Држава/територија | Нов Јужен Велс |
Координати | 36°04′20″S 148°20′55″E / 36.07222° ЈГШ; 148.34861° ИГД |
Површина | 6.900 км2 |
Портал | www |
Од 1977 година, поголемиот дел од паркот е вклучен во светската мрежа на биосферни резервати.[1] Во 1996 година, Синото езеро кое се наоѓа во паркот, било внесено на списокот на мочуришта заштитени со Рамсарската конвенција.[2] Во 2008 година, Националниот парк Кошќушко, заедно со другите заштитени подрачја од Австралиските Алпи, бил вклучен во списокот на австралиско национално наследство.[3]
Физички и географски одлики
уредиНационалниот парк се наоѓа во источниот дел од сојузната држава и се граничи со Националниот парк Намаџи во Викторија. Кошќушко е најголемиот национален парк во Нов Јужен Велс и Австралиските Алпи. Планината Кошќушко која се наоѓа на територијата од паркот достигнува висина од 2228 метри.[4] Висината над морското ниво се движи од 213 метри до оваа ознака.[5]
На територијата на националниот парк Кошќушко извираат најголемите реки во регионот: Снежната река, Мари и Марумбиџи.[1] Освен тоа, во паркот има пет езера од глацијално потекло меќу кои позначајни се: Синото Езеро, Албина и Хедли Тарн. Синото езеро е едно од четирите езера во Австралија сместено на дното од цирк.[6]
Биосферниот резерват ја зафаќа речиси целата површина на националниот парк: 6255,25 км2.[1]
Флора и фауна
уредиВо паркот има шест зони со диви животни: Бјадбо, Пилот, Јагунгал, Богонг Пикс, Губарагандра и Бимбери, со вкупна површина од околу 3000 км2. Овде виреат ретки видови, меѓу кои има и многу ендемични видови.[4]
Меѓу ретките животни кои го населуваат паркот се планинскиот џуџест опосум (лат: Burramys parvus), кој до 1966 година се сметал за изумрен до 1966 година, и жабата Pseudophryne corroboree.[4]
Туризам
уредиНационалниот парк Кошќушко е еден од најпознатите национални паркови во Австралија, кој годишно го посетуваат околу три милиони туристи. Во паркот се наоѓаат сите скијачки центри во Нов Јужен Велс.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „KOSCIUSZKO“ (англиски). УНЕСКО. Архивирано од изворникот на 2012-07-15. Посетено на 2011-02-11.
- ↑ „Kosciuszko National Park: Ramsar Wetlands“ (англиски). Влада на Австралија. Архивирано од изворникот на 2012-07-15. Посетено на 2011-02-11.
- ↑ „Australian Alps National Parks and Reserves“ (англиски). Влада на Нов Јужен Велс. Архивирано од изворникот на 2012-07-15. Посетено на 2011-02-11.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Kosciuszko National Park“ (англиски). Australian Alps National Parks. Архивирано од изворникот на 2012-07-15. Посетено на 2011-02-11. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ „KOSCIUSZKO“ (англиски). УНЕСКО. Архивирано од изворникот на 2012-07-15. Посетено на 2011-02-11.
- ↑ „Kosciuszko National Park: Ramsar Wetlands“ (англиски). Влада на Австралија. Архивирано од изворникот на 2012-07-15. Посетено на 2011-02-11.