Костурски музеј на народната носија

музеј на народни носии во Костур

Костурски музеј на народната носија (грчки: Μουσείο ενδυματολογίας Καστοριάς) — музеј во Костур, Егејска Македонија, посветен на народната носија.[1][2]

Костурски музеј на народната носија
Μουσείο ενδυματολογίας Καστοριάς
Емануиловата куќа во којашто е сместен музејот
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Основан1999
МестоКостур, Егејска Македонија, Грција

Местоположба и историја

уреди

Музејот е сместен во родната куќа на браќата револуционери Панајотис и Јоанис Емануил од XVIII век, којашто се наоѓа на почетокот на маалото Долца, крај Костурското Езеро. Музејот е отворен во 1999 година и е под раководство на друштвото „Хармонија“.[1]

Содржина

уреди

Целта на музејот е да запознава со традиционалните носии во Костур и Костурско до XX век. На првиот кат се изложени женски носии од околните села, како на пример Нестрам. На вториот кат се градските носии, како на пример џуба (секојдневна женска облека во сино), антерија (секојдневна женска облека со кафеави риги), празнична носија од XVIII век во кафеаво, машка антерија без елек и со фес, прислужничка униформа од фабричка коприна, детски носии, кожни палта и др. Изложени се и многубројни додатоци, како чорапи, колани, пафти, накит и монети.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Costume Museum, Kastoria[мртва врска]. The Museums of Macedonia.
  2. Mουσείο Ενδυματολογίας Архивирано на 21 јули 2016 г.. Οδηγός Καστοριάς.

41°25′46.4″N 21°24′09.2″E / 41.429556° СГШ; 21.402556° ИГД / 41.429556; 21.402556