Косовски Црногорци
Црногорците се Јужно Словенски луѓе од Црна Гора. Тие формираат етничко малцинство во Косово, провинција со нерешен статус де јуре во составот на Република Србија.
Црногорците беа прво населени во општините Пеќ, Приштина, Косовска Митровица, Исток, Дечани и Ѓаковица, до 1961 година. Во периодот од 1961 до 1981ва година, Црногорците исчезнаа од 243 места, кои, комбинирано со 760 места кои немаа Црногорски жители до 1961ва, дава вкупно 1,003 места без ниту еден Црногорец. Поради конфликтите и етнички доминантните Албанци, повеќето Црногорци се одселија од Косово во Црна Гора или во Република Србија
Во Декември 2008, Република Косово официјално го призна Црногорското малцинство во Косово.[1][2][3]
Историја
уредиНаводи за дискриминација од Албанците
уредиВо текот на албанските демонстрации во Косово, црногорците заедно со србите беа наводно цел на напад, посебно во регионите каде беа помалку, а Албанците повеќе. Одговарајќи во анкета презентирана од САНУ, еден граѓанин изјавил, "Односите во местото беа лоши. Младите Албанци почнаа да бидат етнички настроени и да носат националистички симболи, плукајќи кон србите и црногорците, тепајќи ги српските и црногорските деца, заканувајќи се, и напаѓајќи со ножеви". Еден Косовско Црногорски возач на автобуси кажа " Еднаш возев Албанец во автобусот до неговата куќа, далеку од главната автобуска линија. Ако кажеш Не, тие само ќе го земат пиштолот и ќе речат: Оди си во Црна Гора, оди си од кај што дојде, ќе ти ги убиеме децата ако престанеш да почитуваш"
Жените од српските и црногорските фамилии кои беа анкетирани се жалеа дека страдале од навреда и физички напади, посебно кога одеа надвор без машки придружувач, дури и во поголемите градови. Според многуте Косовари, српските и црногорските девојчиња не беа безбедни на училиште. Поради опасностите кои ги следеше на патот до и од училиште, и во самото училиште, многу девојчиња престанале да посетуваат настава.
Исто така имаше наводи за економска дискриминација, каде што србите и црногорците биле бојкотирани или каде што српските и црногорските купувачи биле навредувани или неферски третирани од страна на албанските продавачи. Српските и Црногорските жени и мажи се жалеа за дискриминирање на работа, со, еден пример, каде од Србите и Црногорците беше барано да знаат Албански јазик, додека Албанските вработени воопшто не беа тестирани за знаење на српскиот јазик. Црногорците и Србите исто така репортираа дека порано биле испратени во пензија или едноставно му ги затворале продавниците — посебно во областа на образованието, каде имаше наводи дека нивните сервиси се помалку потребни и ова резултираше со одселување на Србите и Црногорците од јужниот дел од Косово.
Демографија
уреди- 1948 попис - 28,050 (3.9%)
- 1953 попис - 31,343 (3.9%)
- 1961 попис - 37,588 (3.9%)
- Пеќ - 12,701 (33.8%)
- 1971 попис - 31,555 (2.5%)
- 1981 попис - 27,028 (1.7%)
- 1991 попис - 20,365 (1%)
- 1995 неофицијална пресметка - околу 7,000 (0.3%)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Crnogorci priznati na Kosovu“. Radio Slobodna Evropa. 21 December 2008. Посетено на 25 December 2008.
- ↑ „Kosovski Crnogorci“. BRAND. 24 December 2008. Посетено на 25 December 2008.
- ↑ „Crnogorci priznati na Kosovu“. Radio Television of Montenegro. 21 December 2008. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 25 December 2008.
- Petrović, Ruža and Marina Blagojević (June 7, 1988) "Миграцијата на Србите и Црногорците од Косово", SANU, Department of Social Studies. Reproduced. Accessed September 3, 2007.