Кореџо (град)
Кореџо (итал. Correggio) е град и општина во покраината Реџо Емилија (регион Емилија-Ромања) во Италија. Сместен е во долината на реката По. Населението брои 23.108 жители (2007).[1]
Кореџо Correggio | |
---|---|
општина | |
Град Кореџо | |
Земја | Италија |
Регион | Емилија-Ромања |
Покраина | Реџо Емилија (RE) |
Поделоци | Будрио, Каноло, Фацано, Фоздондо, Лемицоне, Мандрио, Мандриоло, Прато, Сан Бјаџо, Сан Мартино Пиколо, Сан Просперо. |
Управа | |
• Градоначалник | Марцио Јоти (ДП) |
Површина | |
• Вкупна | 77 км2 (30 ми2) |
Надм. вис. | 33 м |
Население (31 мај 2007)[1] | |
• Вкупно | 23.285 |
• Густина | 300/км2 (780/ми2) |
Демоним | Корегези |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Пошт. бр. | 42015 |
Повик. бр. | 0522 |
Светец-заштитник | Св. Кирин |
Слава | 4 јуни |
Мреж. место | Матична страница |
Заштитник на градот е Св. Кирин Нојски[2], ан кого е посветена главната црква во градот „Сан Кирино“.
Градот бил седуште на Вероника Гамбара (1485–1550) политички деец и поетеса која владеела со кнежевството (1518-1550) по смртта на нејзиниот сопруг, грофот Џиберто X.
Кореџо е родно место на познатиот ренесансен сликар Антонио Алегри да Кореџо. Во Кореџо живеел и францускиот поет Тигдијал Менон.
Во градот е роден композиторот Клаудио Меруло, рокерот Лучано Лигабуе, маратонецот Дорандо Пјетри (фамозно дисквалификуван на Летните олимписки игри во 1908, како и романописецот Пјер Виторио Тондели.
Галерија
уреди-
Кнежевскиот дворец
-
Колонада во кнежевскиот дворец
-
Театарот Азиоли
-
Црквата Св. Кирин
-
Згради долж корзото
-
Аркада
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Светски географски лексикон“. Архивирано од изворникот на 2012-12-16. Посетено на 2 февруари 2007. (англиски)
- ↑ Свети Кирин (италијански)