Константино-Еленска кула
Константино-еленската кула (руски:Константино-Еленинская башня) е кула која се наоѓа во Кремљ, на Црвениот плоштад во Москва, Русија.
Константино-еленска кула Константино-Еленинская башня | |
---|---|
Поглед кон кулата | |
Општи податоци | |
Град | Црвен Плоштад, Москва |
Земја | Русија |
Почната | 1480 |
Кулата била изградена во 1490 година, од страна на италијанскиот архитект Пјетро Антонио Солари[1]. Денешното си име, кулата го добила во текот на 17 век. Самата кула била изградена со цел заштита на градот од надворешни напади. Во 1770 година кулата била затворена, поради реставрацијата на Големиот Кремљски дворец. Во 1812 година, кулата била целосно разрушена, по повлекувањето на француските војски од градот. Кулата била обновена во 1950 и 1970 година.
Висината на кулата е 36,8 метри.