Конопларче
Carduelis cannabina -England -male-8.jpg
Мажјак во сезона на парење, Англија
Женка во Шкотска
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Ѕвингалки
Род: Carduelis
Вид: Конопларче
Биномен назив
Carduelis cannabina
(Linnaeus, 1758)

Конопларчето (науч. Carduelis cannabina) е мала врапчевидна птица од семејството на ѕвингалките (Fringillidae). Се размножува низ Европа, западна Азија и северна Африка. Ја има и во Македонија. Делумно е постојан жител, но многу птици од северот и истокот мигрираат на југ од опсегот или на крајбрежјата. Нејзиното научно име, како и македонското, се однесуваат на конопот, поточно на семето од лен, кое го фаворизира.

ОписУреди

Конопларчето е тенка птица со долга опашка. Во должина е околу 13 см, има распон на крилјата околу 25 и тежи 21 грам. Горните делови се кафеави, грлото валканобела боја, клунот сив. Карактеристични кај мажјакот во сезоната на парење се црвената дамка на круната и црвените гради. Женките и младенчињата немаат црвена боја, нивните долни делови се белкави, а градите се избраздени со линии, кремавопортокалови. Главата им е сивокафеава.

ОднесувањеУреди

 
Carduelis cannabina cannabina - јајца

Живеалиштето на конопларчето се отворените пространства, пустарите со ниски грмушки за гнездење. Се среќава и во парковите и градините, а понекогаш и близу до човекот од кој не се плаши. Гнездото го прави во ниските грмушки и несе 4-7 јајца.

Овој вид вон сезоаната на парење формира големи јата, понекогаш и со други видови.

Песната на конопларчето е пријатно брзо чрчорење, помешано со разни мелодии.

Се храни на земја или ниско во грмушките, претежно со семиња, со кои ги храни и младенчињата. Сака мали и средни семиња, мешунки и понекогаш јаде скакулци.

ПодвидовиУреди

Има неколку подвидови:

  1. Carduelis cannabina bella
  2. Carduelis cannabina autochthona
  3. Carduelis cannabina guentheri
  4. Carduelis cannabina cannabina
  5. Carduelis cannabina harterti
  6. Carduelis cannabina meadewaldoi
  7. Carduelis cannabina mediterranea

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. BirdLife International (2012). "Carduelis cannabina". IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врскиУреди