Колски Залив
залив на Баренцовото Море во Мурманската Област, Русија
Колски Залив (руски: Кольский залив) или Мурмански Фјорд — фјорд во Баренцовото Море долг 57 км всечен во северниот дел на Колскиот Полуостров. Широк е до 7 км и длабок 200 до 300 метри. Во него се влеваат реките Тулома и Кола.
Колски Залив Кольский залив | |
---|---|
Мурманското пристаниште на Колскиот Залив | |
Колскиот Залив на карта | |
Подрачје | Мурманска област |
Координати | 69°06′N 33°23′E / 69.10° СГШ; 33.39° ИГД |
Дел од | Баренцово Море |
Главни приливи | Тулома, Кола |
Сливни земји | Русија |
Најг. должина | 57 км |
Најг. ширина | 7 км |
Прос. длабочина | 200-300 м |
Источниот брег е карпест и стрмен, а западниот е релативно рамен. На источната страна се пристанишните градови Мурманск и Североморск. На западната е градот Пољарни, чие пристаниште е главна база на Северната флота.
Приливот и одливот во фјордот се високи 4 метри. Зиме јужниот дел на заливот знае да замрзне. Близу јужниот крај преку заливот има мост.
Надворешни врски
уреди- Колски Залив на Ризницата ?
- Колски Залив — Голема руска енциклопедија (руски)
Оваа статија место во Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |