Колонија Гренланд

Колонија Гренланд била поранешна колонија на Данска. Колонијата го заземала целиот остров Гренланд. Оваа колонија била краткотрајна бидејќи траела од 1950 до 1953 година, кога статусот на колонија бил укинат. Колонијата во својата историја имала само еден гувернер поставен од Данска.[1]

Колонија Гренланд
Kalaallit Nunaat
Grønland
колонија на Данска

 

1950–1953
Знаме Грб
Знаме на Данска Грб
Главен град Нук
Управа монархија
колонија
Крал
 -  1950–1953 Фредерик IX
Гувернер
 -  1950–1953 Пул Хуго Лундстен
Историски период студена војна
 -  Обединување на Северен Гренланд и Јужен Гренланд. 1950
 -  Гренланд е основан како членка на Кралството Данска. 5 јуни 1953

Историја

уреди

Колонијата Гренланд настанала со обединувањето на двете поранешни дански колонии Северен Гренланд и Јужен Гренланд. Двете колонии со години опстојувале одделно, но во 1950 година Данска ги споила во една. Седиште на новата колонија бил градот Нук. Овој статус на колонија бил зачуван до 1953 година, кога Гренланд станал рамноправна членка на Кралството Данска.

Наводи

уреди
  1. „Greenland (Kalaallit Nunaat)“ (англиски). World Statesmen. Посетено на 30 June 2016.

Поврзано

уреди