Алмош (унгарски:Álmos vezér) (роден околу 820 - починал околу 895) бил првиот голем везир на Унгарците. Тој се смета дека бил син на Еѓек и Емеше[1] и се смета дека бил прататко на Арпадовците. Неговото име во превод значи „оној кој е од соништата.“[2]

Алмош
Голем везир на Унгарците
На престолпо 854 - околу 895
НаследникАрпад
ДецаАрпад
ДинастијаАрпадовци
ТаткоЕѓек
МајкаЕмеше

Животопис

уреди

За точното место на раѓање на Алмош нема доверливи информации, а се смета дека се родил околу 820 година. Тој бил син на Еѓек или Егек (Egyek/Ügek), чиешто име на унгарски значи стар, и Емеша (Emese), чиешто пак име означува мајка.[1] Се претпоставува дека овие имиња и не биле вистинските за овие личности, бидејќи се знае дека произлегле од подоцнежните забелешки.[3] Според легендата, Алмош го добил своето име, така што во сон на неговата мајка, птицата Турул се појавила и ѝ рекла на Емеша дека ќе роди син, кој ќе биде првиот унгарски крал.[4] Во средината на 9. век, Алмош станал врховен водач и обединувач на унгарските племиња. Тој бил и оној којк ги довел Унгацрите до Карпатите. Алмош не стигнал до Панонската низина, бидејќи во тоа време во кое сè уште траела големата преселба на народите, тој бил во години и по пат умрел.

Точното место на неговата смрт е непознато, а се претпоставува дека починал околу 895 година.

Потомство

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Kristó, Gyula (editor) (1994). Korai Magyar Történeti Lexikon (9-14. század) (Encyclopedia of the Early Hungarian History - 9-14th centuries). Budapest: Akadémiai Kiadó. стр. 39. ISBN 963-05-6722-9.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  2. Dümmerth Dezső: Emese álma – Virrasztó géniusz, összegyűjtött esszék. Ifjúsági Lap- és Könyvkiadó, 1987
  3. Kristó Gyula-Makk Ferenc: Az Árpád-ház uralkodói. I.P.C. könyvek Kft., 1996
  4. Demény István Pál (2006-09-19). „Emese álma“. Erdélyi Múzeum (58. kötet, 1996.).

Литература

уреди
  • Dümmerth Dezső: Emese álma – Virrasztó géniusz, összegyűjtött esszék. Ifjúsági Lap- és Könyvkiadó, 1987
  • Kristó, Gyula (editor): Korai Magyar Történeti Lexikon - 9-14. század (Encyclopedia of the Early Hungarian History - 9-14th centuries); Akadémiai Kiadó, 1994, Budapest; ISBN 963-05-6722-9.
  • Kristó, Gyula - Makk, Ferenc: Az Árpád-ház uralkodói (Rulers of the Árpád dynasty); I.P.C. KÖNYVEK Kft., 1996; ISBN 963 7930 973.
  • Kristó, Gyula: Magyar honfoglalás - honfoglaló magyarok (The Hungarians' Occupation of their Country - The Hungarians occupying their Country); Kossuth Könyvkiadó, 1996; ISBN 963-09-3836-7.
Претходник
Алмош бил прв голем везир на Унгарците
Голем везир на Унгарците
по 854 - околу 895
Наследник
Арпад