Геза[1] (унгарски:Géza) (роден околу 945 - починал околу 997) бил шестиот голем везир на Унгарците, кој владеел од околу 972 до околу 997. Тој бил син на Такшон, кој исто така бил голем везир на Унгарците.[2] Геза се оженил со Шаролт, која била ќерка на Ѓула.[3] Овој брак го наговорил, неговиот татко Такшон. Од овој брак се родил првиот унгарски крал, кој бил христијанин, Иштван I.

Геза
Голем везир на Унгарците
Минијатура на Геза од Илустрираните хроника, 1360
На престолпред 973 - околу 997
ПретходникТакшон
НаследникИштван I
СопружникШаролт
ДецаЈудит
Маргит
Иштван I
Марија
Гизела
ДинастијаАрпадовци
ТаткоТакшон
Мајканепозната роднина на Тонузаба

По смртта на Такшон (пред 973), Геза како постар син ја наследил титулата голем везир и станал владетел на Унгарците.

Брак и потомство

уреди

пред 972: Шаролт, ќерка на владетелот на Ердељ, Ѓула (? - по 997)

  • Јудит (? - по 988) - сопруга на идниот полски крал, Болеслав
  • Маргит (? - по 988) - првата сопруга на идниот македонски крал Гаврило Радомир
  • Иштван (967/969/975 - 1038)
  • Марија (? - по 1026) - сопруга на венецијанскиот дужд Ото Орсело
  • Гизела (? - ?) - сопруга на идниот крал на Унгарија, Шамуел Аба

Наводи

уреди
  1. Се споменува и како Ѓеза
  2. Во Gesta Hungarorum е запишано дека таткото на Геза се оженил со жена од просторот, каде живееле Кумани, но Куманите на тој простор не се населиле до 11 век. На тој простор, во тоа време живееле Бугари.
  3. Од Дачија до Трансилванија: Transylvania in the Period of the Great Migrations (271-896) Köpeczi Béla History of Transylvania. Volume I. From the Beginnings to 1606 Columbia University Press New York 2001 [1]

Литература

уреди
  • Kristó, Gyula - Makk, Ferenc: Az Árpád-ház uralkodói (IPC Könyvek, 1996)
  • Korai Magyar Történeti Lexikon (9-14. század), főszerkesztő: Kristó, Gyula, szerkesztők: Engel, Pál és Makk, Ferenc (Akadémiai Kiadó, Budapest, 1994)
  • Györffy György: István király és műve (Gondolat, Bp., 1983) ISBN 963-281-221-2
  • Miklós Molnár: Geschichte Ungarns. Von den Anfängen bis zur Gegenwart. Hg. und Übersetzung von Bálint Balla. Reinhold Krämer, Hamburg 2004, ISBN 3-89622-031-4
Претходник
Такшон
Голем везир на Унгарците
пред 973 - околу 997
Наследник
Иштван I