Стефан III (Унгарија)
Стефан III (унг. III. István; * почетокот на јуни 1147- 4 март 1172 година) бил унгарски и далматинско-хрватски крал од 1162 до 1172 година, од династијата Арпадович. Бил син на унгарскиот крал Геза II и руската принцеза Јевросима.
Животопис
уредиСтефан III се родил во 1147 година. Кум му бил францускиот крал Луј VII кој со крстоносната војска поминувал низ Унгарија. Таткото му Геза II во 1152 година го прогласил за престолонаследник. Браќата на Геза II и Стефановите чичковци Ладислав и Стефан живееле во Цариград на дворот на царот Мануил I.
Кога Геза умрел во 1162 година, Стефан III неколку дена подоцна бил крунисан за новиот крал на Унгарија. Стефан ја имал поддршката на неговата мајка Јевросима и архиепископот Естергом Лука. Јевросима негувала добри односи со германските принцеви и благодарение на тие односи, Стефан се оженил со австриската принцеза Агнес, ќерката на Хенри II.
Противници
уредиМануил I водел политика да од Унгарија направи византиски вазал. Го поддржувал Стефановиот чичко со исто име, Стефан, т.е. Стефан IV. После успешната војна крунисан е, но Ладислав за крал, како Ладислав II, бидејќи Стефан IV не бил омилен во Унгарија. Острогоносниот ахиепископ Лука го екскомуницирал на Ладислав, на што Ладислав го уапсил Лука.
Стефан III заедно со своите поддржувачи побарал спас од популарниот Ладислав во Братислава. Во 1163 година умрел Ладислав II. Нов крал станал Стефан IV. Стефан IV започнал борба против Византија и против Стефан III. Последниот победил во Битката кај Секешфехервар во истата година. Борбите и понатака се воделе сè додека римско-германскиот цар Фридрих Барбароса не се вмешал и не го поддржал Стефан III. Стефан IV е отруен од страна на неговите луѓе.
Владеење
уредиНи после смртта на чичко му, Стефан III немал мирен живот. Неговиот брат Бела се школувал во византискиот двор, што на Маноуил му дало можност повторно да се меша во унгарските односи. Причината за спорот биле Хрватска И Далмација. После Битката кај Земун во 1167 година, која се завршила со византиска победа, Стефан и Мануил склучиле мир, а Византија ги добила Хрватска и Далмација. Затегнатите односи со Млечаните кои почнале да се шират по Јадран, завршени се после динамичните контакти на Арпад со млечанските правци. И покрај многуте војни Стефан III се трудел да го обнови државното уредување на Унгарија. Бил прв крал кој им давал привилегии на граѓаните, односно на граѓаните на Секешфехервар.
Епилог
уредиСтефан III умрел на 4 март 1172 година, на 25 години. Најверојатно бил отруен исто како неговиот чичко Стефан IV. Архиепископот Лука му дозволил на Стефан да биде закопан во Естергом. Го наследил брат му Бела III, бидејќи Стефановиот син Бела не доживеал полнолетност.