Кокошникот е традиционална руска покривка за глава за жени и девојки кој често го придружува сарафанот. Најчесто бил носен во северните региони на Русија од 16 до 19 век.

Портрет на непозната девојка во руска носија од Иван Аргунов, 1784 година.

Преглед

уреди

Историски кокошникот е покривка за глава носена од мажените жени, иако и девојките носеле покривкипокривка за глава за глава доста слична на kokoshnik но отворна од задната страна, наречена povyazka.[1] Зборот кокошник опишува голем број на покривки за главаes носени низ историјата на Русија, вклучувајќи ги и цилиндричните капи од Велики Новгород, триаголната кика од Кострома, капите со мали бисери од Каргопол и црвените кокошници од Москва.

Додека во минатото стиловите на кокошниците варирале во голема мера, денес кокошникоткокошник е обично поврзан со висок, гребенски или крунски облик на покривка за глава која е врзана на задниот дел од главата со долга дебела панделка. На врвот може да се извезени бисери или златовез, обично се користат растителни и цветни мотиви. Делот околу челото е често украсен со бисери. Додека носи kokoshnik, жената обично ја врзува косата во плетенка. Тој наликува на францускиот арселе носен во тјудорска Англија, но без црн превез.

Историја

уреди
 
Војвотката Ксенија Александровна од Русија со кокошник.

Зборот кокошник за првпат се појавува во документи од 16 век, и доаѓа од старословенскиот збор кокош, што значи кокошка. Сепак, најраните покривки за глава од сличен тип (цврста цилиндрична шапка која целосно ја покрива косата) биле пронајдени во гробови од 10 до 12 век во Велики Новгород.[2]

 Од кокошник потекнува и името на декоративната конзолна арка која стана препознатлив елемент на традиционалната руска архитектура од 16 век наваму.

За време на заживувањето на руската национална култура при почетокот на 19 век, диадемот во облик на тиара стана дел од официјалниот костим за членовите на кралското семејство. Овие "кокошници" биле инспирирани колку од италијанската ренесансна мода и францускиот арселе, толку и од автентичните руски кокошници сè уште носени од страна на средната класа и богатите селани во тоа време. Во овој период и немажените и мажените жени го носеле кокошникот традиционално носен од страна на немажените жени: покажувајќи го предниот дел од косата и со проѕирен превез на задната страна.

Руските селанки носеле кокошници за посебни прилики се до Руската револуција.

По Руската револуција емигрантите го внеле кокошникоткокошник во модата на остатокот од Европа. Во 1893 година тој беше дел од свадбената покривка за глава на Марија од Тек, иднината кралица на Обединетото Кралство.

Денес кокошниците се носени главно од девојки и жени во руски фолклорни ансамбли. Кокошникот е исто така дел од традиционалниот костим на Снегурочка, внука и асистент на Дедо Мраз.

Кралицата Марија од Романија носеше Cartier тиара создадена врз основа на рускиот kokoshnik за нејзиниот портрет од 1924 година насликан од страна на Филип де Лазло..[3] Тиарата беше меѓу накитот на изложба во "Cartier: Стил и Историја" изложбата во Големата Палата во Париз од 4 декември до 16 февруари 2014 година.[4]

Еден од костимите на сенаторот Падме Амидала во Star Wars сагата, Златниот костим за патување, беше заснован на руската национална носија со кокошник,[5] познат во остатокот од Европа благодарение на фотографии направени во текот на Балот во зимската палата од 1903 година.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Kirichenko, Evgenii︠a︡ Ivanovna (1991). The Russian Style. London: Laurence King. стр. 51. ISBN 9781856690041.
  2. Primeval Rus': Women's head dress and jewellery (руски)
  3. „Obiectul Lunii Ianuarie 2014 – Portretul Reginei Maria - Muzeul National Peles“. Архивирано од изворникот на 17 August 2014.
  4. Queen Marie of Romania portrait
  5. „The Padawan's Guide“. www.padawansguide.com.

Надворешни врски

уреди