Вики, Флеш и заводникот на продавачките на чевли
Вики, Флеш и заводникот на продавачките на чевли е расказ од Дебора Ванкин, објавен во збирката „Кокаински хроники“, во 2010 година, во издание на „Темплум“. Преводот на македонски јазик е дело на Владимир Петревски.
Содржина
уредиРасказот зборува за една девојка која ја губела невиноста трипати, секојпат во присуство на кокаин. Првиот пат, тоа се случило кај Вики, најдобра другарка на нејзината мајка и нивна семејна докторка. Девојката отишла на преглед во ординацијата на Вики, која потоа и го отстранила хименот. Вториот пат, тоа се случило во планинската куќичка на Флеш, каде двајцата се дрогираат со кокаин, а потоа имаат сексуален однос на кој таа воопшто не се сеќава, поради дејството на дрогата. Третата случка е сместена на еден мал остров во близина на Атлантик сити, каде девојката го поминува одморот. Таму го запознава Шон, кој работи како келнер во еден бар, но повремено продава кокаин. Една ноќ, таа води љубов со него на плажата.[1]
Наводи
уреди- ↑ Дебора Ванкин, „Вики, Флеш и заводникот на продавачките на чевли“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 92-112.