Џим Грант (роден на 29 октомври 1954), подобро познат по неговиот псевдоним Ли Чајлд, е британски писател на трилер романи.[1]

Ли Чајлд
Ли Чајлд во 2010
Роден/аЏим Грант
29 октомври 1954(1954-10-29)(70 г.)
Ковентри, Англија,
ЗанимањеПисател
НационалностОбединето Кралство Британец
Период1985–сè уште
ЖанрКриминалистика, мистерија, трилер
Потпис
мрежно место
http://www.leechild.com

Животопис

уреди

Ли Чајлд е роден во Англија, каде работел како телевизиски продуцент, а потоа се преселил во САД. Живее во Њујорк.

Творештво

уреди

Ли Чајлд е најпознат како автор на криминалистичките романи за Џек Рејчер, кои се објавени во 39 земји ширум светот. Во 2006 година објавил два романа - деветтото и десеттото продолжение од серијалот за Џек Рејчер: „Еден истрел“ (One Shot) и „Тешкиот пат“ (The Hard Way). За својот прв роман „Подиум за убивање“ (Killing Floor) ги освоил наградите „Antony“ и „Barry“, за најдобро дебитантско дело во жанрот „мистерија“. Неговиот расказ „Десет килограми“ е објавен на македонски јазик во 2010 година, во збирката „Кокаински хроники“, во издание на „Темплум“.[2]

Наводи

уреди
  1. David Smith (22 June 2008). „Sacked at 40 and on the scrapheap. Now Brummie tops US book charts“. London: guardian.co.uk. Посетено на 8 July 2008.
  2. Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 7.

Надворешни врски

уреди