Бил Муди е американски писател.

Животопис уреди

Бил Муди работи како џез-музичар и DJ во KSWY во Сонома, Калифорнија. Исто така, тој предава творечко пишување на Државниот универзитет во Сонома.

Творештво уреди

Бил Муди е автор на серијата романи за Еван Хорни. Неговиот расказ „Синиот Камаро“ е објавен на македонски јазик во 2010 година, во збирката „Кокаински хроники“, во издание на „Темплум“.[1]

Наводи уреди

  1. Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 142.