Кодрат Атински

ранохристијански атински епископ, апологет и светец

Кодрат Атински (грчки: Κοδρᾶτος) — црковен отец, атински епископ.[1] и еден од седумдесетте апостоли. Се почитува во православието и католицизмот.

Кодрат Атински
Кодрат на гравура од XVIII век
Атински епископ, апологет
Роден(а) I век, Анадолија
Починал(а) 129, Атина
Почитуван(а) во православие, католицизам
Слава 21 септември ст. ст. /
4 октомври н. ст. (православие)
26 мај (католицизам)
Мачеништвото на св. Кодрат — фреска од 1547 г. во манастирот „Дионисијат“.

Овој светител православието го чествува на 21 септември по стар или 4 октомври по нов стил. Се одбележува и на 4 (17) јануари заедно со другите светци на денот на Соборот на седумдесетте апостоли.[2]

Житие

уреди

Ранохристијанскиот историчар Евсевиј Кесариски вели дека Кодрат бил ученик на апостолите.[3]

Во делото Црковна историја, Книга IV, глава 3, Евсевиј забележува дека:

1. Откако Трајан владееше деветнаесет и пол години, на царскиот престол седна Елиј Адријан. Нему Кодат му упати апологија за нашата вера, бидејќи извесни лоши луѓе се обидуваа да нè вознемируваат. Ова дело сè уште е во рацете на највеќето браќа, како и во наши. Тоа блескаво сведочи за умот на апостолското правоверие на Кодрат.
2. За тоа колку одамна тој живееше може да се просуди од неговите соппствени зборови: „Делата на Спасителот наш отсекогаш беа очигледни, бидејќи беа вистински: — луѓето што ги беше исцелил, што ги воскресна од мртвите, беа бидени не само во мигот на нивното исцелување или воскреснување, туку сето време беа присутни не само кога Спасителот беше на земјата, туку и по неговото Воскресение, некои од нив поживееја до денешен ден“. Таков беше Кодрат.[4]

Со други зборови, Евсевиј вели дека Кодрат му упатил филозофска распвара на Адријан со одбрана (или апологија) на христијанската вера, кога царот ја постил Атина во 124 или 125 г. Евсевиј вели дека ова го трогнало царот за да издаде благокалонет указ. Кога спомнува дека исцелените и воскреснатите од Христос сè уште се живи, Евсевиј дава аргумент дека тој не бил само чудотворец со минливи дела.

Евсевиј потоа дава опис на писмо од Дионисиј Коринтски кое просто кажува дека Кодрат е назначен за епископ на Атина „по маченичката смрт на Публиј“, и вели дека со нивната ревност атинските христијани повторно се собрале и нивната вера заживеала.[5]

Апологетот Аристид напишал слично дело. Евсевиј Кесариски имал примероци од двете. Бидејќи бил атински епископ по Публиј, Кодрат понекогаш се вбројува меѓу апостолските отци. Евсевиј го нарекува „умен и апостолски правоверен човек“, а Јероним Стридонски во „За знаменитите мажи“ ја зајакнува оваа врска, нарекувајќи го „ученик на апостолите“.

Тропар

уреди

За св. Кодрат Атински се пее овој тропар:[6]

Светлината Христова преку тебе, о Апостоле Кодрате, го посрами мудрувањето елинско, но гордоста на тие што седат во смртна сенка удри по телото. Темнината незнаејќи дека словото е храна за верниот во Христа, сама ја раздра својата наметка, и затоа спасението по твоите молитви за нас е верно во Господа. Слава Тебе, Боже, за Твоето долготрпение.


Наводи

уреди
  1. Walker, Williston; Norris, Richard; Lotz, David; Handy, Robert (1985). The History of the Christian Church (4. изд.). New York: Simon & Schuster. стр. 53. ISBN 9780684184173.
  2. Собор на Светите Седумдесет Апостоли — Православен календар (македонски)
  3. Летопис „од летото Авраамово 2041“ (124 г.).
  4. Црковна историја 4.3.1–2 (руски)
  5. Црковна историја, 4.23.
  6. Житие: Светиот апостол КодратМакедонска православна црква

Надворешни врски

уреди