Кнежевско Старешинство Кемптен

држава во Светото Римско Царство

Кнежевство Старешинство Кемптен или Царска Опатија Кемптен (германски: Fürststift Kempten или Fürstabtei Kempten) — верска држава во Светото Римско Царство со векови пред да биде припоена кон Изборното Кнежевство Баварија при медијатизацијата во 1803 година.

Кнежевско Старешинство Кемптен
Fürststift Kempten
1062–1803
Coat of arms of Манастир Кемптен
Coat of arms
Царскиот град и опатија Кемптен, околу 1800 г.
Царскиот град и опатија Кемптен, околу 1800 г.
Статусвазален
Главен градКемптен
Уредувањецарска опатија
Историски периодсреден век
• основање
752
• потврдена царска непосредност
1062
• кнежевско старешинство
1213
• приклучено кон Швапскиот округ
1500
• приклучено кон Католичката лига
1609
• купен од градот Кемптен
1525
1803
• обединување на градовите
1819
Претходници
Наследници
Војводство Швабија
Изборно Кнежевство Баварија
47°43′40″N 10°18′48″E / 47.7277° СГШ; 10.3132° ИГД / 47.7277; 10.3132

Географија

уреди
 
Резиденцијата и црквата „Св. Лаврентиј“

Сместено во рамките на поранешното Војводство Швабија, кнежевското старешинство била втора најголема верска царска држава на Швапскиот округ по површина, зад Епископското кнежевство Аугсбург. Се протегало долж реката Илер во областа Алгој, од Валтенхофен (Мартинсцел) на југ до Легау и Грененбах на северозапад и до Ронсберг и Унтертингау на исток.

Самиот царски град Кемптен претставува царска држава и поседувал енклава во рамките на територијата на манастирот. Кнежевското старешинство Кемптен зафаќала површина од околу 1000 км² и вклучувала 85 села и стотици имоти и фарми, правејќи ја една од најголемите царски опатии. При припојувањето во Баварија во 1802 година, имала околу 42.000 предмети.[1]

Историја

уреди

Според хрониките од XI век на Херман од Рајхенау, манастирот во Кемптен посветен на Пресвета Богородица и Гордиј и Епимах бил основан околу 752 година под водство на првиот опат Аудогар. Меѓутоа, според други извори бил изграден од двајца бенедиктански монаси од манастирот Свети Гал, Магн од Фисен и Теодор, кои исто така го основале Фисенскиот манастир во Фисен.[2]

 
Аудогар, првиот опат на Кемптен

Опатијата имала финансиска и политичка поддршка од владејачката каролиншка династија, главно од Хилдегард од Винцгау, втората жена на Карло Велики и нејзиниот син Лудвиг I Побожен. Наскоро станал еден од најважните манастири во Каролиншкото Царство. Повторно бил изграден во 941 година од опатот Улрих Аугсбуршки по унгарските напади.

Царски статус

уреди

Статусот на царска непосредност (Reichsfreiheit) бил потврден од царот Хајнрих IV во 1062 година. Опатите на Кемптен ја добиле титулата кнежевски старешина (Fürstabt) во XII век. Во 1213 година, царот Фридрих II им доделил грофовски привилегии на територијата на опатијата, а во 1218 година и правата на кнез, потврдени од неговиот син Хајнрих VII во 1224 година.

Развојот на опатијата како царски имот било придружено со еден глас во Рајхстагот во 1548 година.

Со привилегија доделена од кралот Рудолф I, градот Кемптен се ослободил од власта на опатот и станал слободен царски град, започнувајќи долго соперништво. За време на Германската селанска војна во 1525 година, кнежевскиот старешина на Кемптен морал да побара засолниште во рамките на градските бедеми, поради што бил приморан да ги продаде последните права на имот на царскиот град во т.н. „голема зделка“, што го означило почетокот на постоењето на двете независни држави со истото име една до друга.

Триесетгодишна војна

уреди
 
Манастирскиот комплекс

Поголеми проблеми се појавиле откако Царскиот град Кемптен се свртел кон протестантството од 1527 година со што бил целосно спротивно од католичкиот манастир. Граѓаните ја потпишале Шпајерската протестација од 1529 година и Аугсбуршката конфесија од 1530 година. За возврат, манастирот Кемптен се приклучил на Католичката лига во 1609 година. Во текот на Триесетгодишната војна, манастирот бил запален до темел од шведските трупи во 1632 година.

Од 1651 година, кнежевскиот старешина на Кемптен, Роман Гил од Гилсберг, наредил да биде изградена резиденција и нова манастирска црква „Св. Лаврентиј“, една од првите големи цркви по војната во Германија. Сепак, во 1706 година, Кемптен бил средиште на верска контроверза, кога опатот запленил протестанстска црква, што го натерало царот Фридрих I Пруски да ги заплени сите бенедиктански имоти додека црквата не биде вратена.[3]

Секуларизација

уреди
 
Хонориј Рот фон Шрекенштајн, кнежевски старешина на Кемптен (1760-1785)

Царот Карло VI му доделил на манастирот градски права во 1728 година, меѓутоа не била создадена самостојна општина. Во 1775 година, манастирот го спровело последното судење на вештерка во Светото Римско Царство,[4] кога Ана Марија Швегелин била казнета на смрт со обезглавување, иако пресудата не била спроведена.

Во текот на Наполеоновите војни, територијата на манастирот била окупирана од силите на Баварците во 1802 година и подоцна била распуштена со подоцнежната германска медијатизација (Reichsdeputationshauptschluss). Територијата на манастирот, како и на царскиот град, била припоена од Баварија, а во 1819 година обете територии биле споени во една територијална единица во рамките на Кралството Баварија.

Наводи

уреди
  1. http://www.historisches-lexikon-bayerns.de/artikel/artikel_45400
  2. „Saint Gall (Princely Abbey)“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.
  3. Whaley 2011, стр. 324
  4. Beales 2003, стр. 62

Библиографија

уреди
  • Beales, Derek Edward Dawson (2003). Prosperity and Plunder: European Catholic Monasteries in the Age of Revolution, 1650-1815 (2003. изд.). Cambridge University Press. ISBN 9780521590907. - вкупно страници: 395
  • Whaley, Joachim (2011). Germany and the Holy Roman Empire: Volume II: The Peace of Westphalia to the Dissolution of the Reich, 1648-1806 Oxford History of Early Modern Europe Series (2011. изд.). Oxford University Press. ISBN 9780199693078. - вкупно страници: 752